Македонија
Укината патна такса за странски возила
Надоместокот за патна такса за возилата регистрирани надвор од Македонија се укинува
Надоместокот за патна такса за возилата регистрирани надвор од Македонија се укинува.
Ова денеска го соопшти министерството за транспорт и врски, додавајќи дека во сила стапија измените во Законот за јавни патишта, со кои се врши хармонизација со европското законодавство.
Странските товарни возила ќе плаќаат патарина само за користење на автопат.
Домашните превозници оваа такса ја плаќаат при регистрација на тешките товарни возила./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пеце Мирчевски, ексдиректор на СОЗР при Влада, оди во притвор
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое:
Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците.
Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Македонија
Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини: Поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари работна посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Посетата ја потврди цврстата поддршка на Владата за реформите и проектите што се реализираат со цел подобрување на енергетската стабилност, зголемување на инвестициите и унапредување на ресурсното управување.
Разговарано беше за клучните приоритети во енергетиката, тековните реформи во енергетскиот сектор, проектите за модернизација на енергетската инфраструктура и плановите за подобрување на сигурноста на снабдувањето со енергија. Во разговорите беа опфатени и мерките за оптимизација на трошоците и унапредување на регулаторната рамка, со цел создавање стабилен, предвидлив и конкурентен енергетски пазар.
Министерката Божиновска истакна дека министерството останува посветено на спроведување на реформите кои ќе обезбедат сигурно, одржливо и економично снабдување со енергија за граѓаните и индустријата. Поддршката од Владата е клучна за реализација на крупните инвестиции и стратешките проекти кои ќе ја унапредат енергетската независност на земјата, подвлече Божиновска.
Премиерот Мицкоски ја потенцираше важноста на енергетиката како еден од најкритичните сектори за економскиот развој на земјата и ја истакна подготвеноста на Владата да даде поддршка во реализацијата на стратешките проекти.
Во рамки на посетата, премиерот се запозна со условите за работа во Министерството, инфраструктурата и динамиката на тимот кој работи на стратегиските енергетски политики.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на имплементација на политики што ќе обезбедат одржлив енергетски систем, стабилно снабдување за граѓаните и индустријата, како и услови за нови инвестиции и технолошки развој.
Македонија
Средба Лимани – Светската банка: Резултатите од заедничката работа се видливи, испорака на квалитетни услуги до граѓаните на кои навистина им се потребни
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работна средба со претставници на Светска Банка, на која се разговараше за активностите поврзани со Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира со поддршка на Светска Банка.
Проектот опфаќа три компоненти: промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до парични надоместоци и услуги; проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание и управување со проектот, мониторинг и евалуација.
На средбата од двете страни беше изразено задоволство од досегашниот тек на проектот, неговата реализација и посветеност на сите вклучени во него, што води кон остварување на заедничката цел – испорака на квалитетни услуги кон граѓаните.
Потврда за успешноста на проектот се активностите кои се во тек, а тоа се вклучување на нови 13 општини кои се избрани за проширување на групи во други просторни услови, со што се овозможува влез на нови деца во предучилишниот процес.
Понатаму, изразувањето на интерес на 55 општини за грант за развој на социјални услуги, за што ќе биде објавен и Јавен повик за аплицирање веќе следната недела. Општините заедно со потенцијални даватели на услуги ќе може да аплицираат за грантови наменети за проекти за развој на социјалните услуги: услуги во домот (Помош и нега во домот) и услуги во заедницата (Дневен престој за лица со попреченост, Дневен престој за лица со попреченост со индивидуална работа, Дневен престој за стари лица, Дневен престој за стари лица со активно стареење).
На општините кои ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди поддршка за подготовка на проектната апликација, од страна на единицата за управување со проектот.
На средбата се разговараше и за активностите околу развојот на Електронскиот систем за администрирање на парични надоместоци, социјални услуги и јавни овластувања Овој систем веќе се пилотира во четири центри за социјална работа – Берово, Кратово, Ресен и Македонски брод, а во периодот кој што следува ќе се вклучат и останатите центри со користење на електронскиот систем.
Придобивките од овој систем се големи, бидејќи овозможува веднаш да бидат видливи сите права кои што ги добива едно домаќинство од системот на социјална заштита.
Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката во насока на успешно имплементирање на проектот во целост со акцент на испорака на квалитетни услуги на оние граѓани кои навистина им се потребни за достоен живот.