Македонија
Стојменов уште еднаш побара јавно извинување од Мисовски
Пратеникот Борис Стојменов од ВМРО Македонска партија денеска побара од неговиот колега Горан Мисовски од НСДП јавно да му се извини за вчерашната навреда од собраниската говорница, во спротивно, да си поднесе оставка.
Пратеникот Борис Стојменов од ВМРО Македонска партија денеска побара од неговиот колега Горан Мисовски од НСДП јавно да му се извини за вчерашната навреда од собраниската говорница, во спротивно, да си поднесе оставка.
По вчерашните искажани навреди од двајцата пратеници на расправата за законот за Народна банка, пратеникот Стојменов рече дека ќе побара од претседателот Трајко Вељановски да формира анкетна комисија да го испита инцидентот доколку не го направи тоа рече дека ќе го замрзне својот пратенички статус.
„Со пратеникот Мисовски сме пријатели и стварно немаше потреба од таква изјава кога расправавме за законот за Народни банки во делот за ревизија јас му препорачав да се консултира со неговата жена која е ревизор, а тој пак, на тоа ми возврати дека сум кодош. Го повикував да ми се извини и бев сигурен во тоа, но тој беше спречен“, изјави Стојменов.
Тој обвини дека извршното тело на неговата партија го спречило и посочи дека пратеникот Стојан Андов, кој е еден од предлагачите на Законот за лустрација, требало да реагира на искажаните навреди од, како што рече, стручни и морални причини.
Според Стојменов, уличната лустрација преминала во Законодавниот дом.
Откако беа изречени навредите Стојменов рече дека ќе си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник, а денеска ја смени изјавата и побара оставка од Мисовски.
Тој образложи дека неговото премислување било поради, како што рече, меѓупартиска пресметка, а не пресметка меѓу двајца пратеници.
Пратеникот Стојан Андов рече дека е изненаден од изјавата на Стојменов и демантираше дека пратеничката група се вмешала во случајот.
„Претседателот има право да реагира и тој тоа го стори. Зошто сега одново се распалува работата јас навистина не знам. Нашата пратеничка група не го разгледа случајот затоа што сметавме дека го реши претседателот Вељановски“, изјави Андов. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

