Свет
Двајца загинати во демонстрациите во Оман
Оманската полиција започна операција во за растерување на демонстрантите во иднустрискиот град Сухаре во севервниот дел од земјата при што загинаа две лица, пренесува во неделата Reuters
Демонстрантите бараат властите да спроведе политички реформи. Ова е втор ден од демонстрациите во главниот град на провинцијата Ал-Батина. Судирите со полицијата почнаа кога масата почна да фрла камења кон полициските кордони. Паралелно демонстрации се одржуваат и во градот Салах, вториот по големина град во Оман. „Две лица загинаа, откако полицијата употреби гумени куршуми за растерување на толпата“, изјавил за агенцијата еден учесниците на протестите во Сухаре. За да ги растера демонстрациите, полиција, исто така, употребила и солзавец. Султанот на Оман, Кабус бен Саид веќе направи неколку отстапки по протестите во главниот град Маскат на средината од февруари. Султанот изврши промени во владата, спроведе реформи на пензискиот систем и ги зголеми стипендиите за студентите. Тогаш во масовните протести во престолнината се бараа промени во сферата на економијата и образованието, како и политички промени. Според оманскиот печат, демонстрантите кои се претежно млади луѓе протестирале во главниот град со ткн. „мирен зелен марш“ во реонот каде се сместени зградите на министерствата. Тие носеле пароли за поддршка на султанот и повик на реформи, борба против корупцијата, контрола на зголемувањето на цените, заштита на потрошувачите, подобрување на образованието, зајакнување на положбата на советодавната совет – Шурата. Полицијата засега не влегува во судир со демонстрантите, кои најавија дека петицијата со нивните барања ќе ја предадат на султанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

