Контакт

Свет

Умала и Фуџимори во вториот круг од претседателските избори во Перу

Објавено пред

Речиси 20 милиони Перуанци во земјата и во странство, ќе учествуваат на претседателските избори што ќе се одржат во Перу денеска.

dobivaj vesti na viber

Речиси 20 милиони Перуанци во земјата и во странство, ќе учествуваат на претседателските избори што ќе се одржат во Перу денеска.  Во вториот круг од претседателските избори ќе се натпреваруваат лидерот на националистичката партија, 48-годишниот Оланта Умала, кој го предводи левичарскиот блок „Gana Peru“ (Перу победува) и 36-годишнaта Кеико Фуџимори, која е претставник на десните сили во земјата коалицирани во изборниот блок „Fuerza 2011“ (Сила -2011).Умала ја има поддршката на изборите од Социјалистичката партија, Комунистичката партија, како и од Револуционерната социјалистичка партија. Со апел до избирачите во полза на Умала истапија личности од перуанската интелектуална елита, како што е добитникот на Нобеловата награда за литература Марио Варгас Љоса.Поранешниот офицер и лидер на Националистичката партија, Умала  по вторпат учествува на претседателските избори. Во 2006 година, тој самоуверено влезе во вториот круг, но загуби од актуелниот претседател Алан Гарсија за кого гласаа 55,45 отсто од гласачите, додека Умала доби 44,56 отсто од гласовите.Умала стана популарен политичар во Перу поради својата националистичка, анти-империјалистичка и анти-американска платформа. Меѓу главните цели што ги најави доколку биде избран за претседател на Перу, Умала ги посочи борбата против сиромаштијата и невработеноста, како и зголемена поддршка на социјалните програми. Тој ужива широка поддршка меѓу сиромашните и домородното индијанско население на Перу, во најсиромашни јужни и централни региони на земјата.Во својата изборна програма за привлекување гласови, Умала им вети на обичните граѓани, дека по доаѓањето на власт значително ќе ги намалени цените на гасот и минималната плата ќе ја зголеми на 272 долари. Средствата потребни за да се оствари оваа популистичка платформа, Умала вети дека ќе ги најде преку поправична редистрибуција на националното богатство, коешто сега е во рацете на олигархиските елити.Поранешниот потполковник на вооружените сили на Перу повеќепати ја посети Венецуела и секогаш ја добива поддршката од тамошниот претседател Уго Чавез, кој е исто така поранешен офицер и има идентична анти-американска политика. Во 2006 година, многу Перуанци гласаа против Умала токму поради неговата голема блискост до Чавез, стравувајќи дека Венецуела ќе се меша во внатрешните работи на Перу. Во текот на оваа претседателска кампања Умала се дистанцираше од венецуелскиот лидер, и вели дека неговите политички и економските погледи се најблиски до оние на поранешниот бразилскиот претседател Лула да Силва.Ќерката на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори, Кеико Фуџимори, својата поддршка ја темели кај средната класа и има најголема поддршка во регионите на главниот град Лима, Каљао и во северните делови на земјата.Таа е поддржувач на продолжување на неолибералниот модел на економскиот развој и пазарната економија втемелени во 1990-те години од страна на нејзиниот татко. Нејзината економска програма е повеќе конзервативна и не им ветува на гласачите розова иднина и дека многу брзо ќе им го направи животот убав. Сепак, Фуџимори вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка само за оние сегменти од популацијата кои живеат под линијата на сиромаштијата и оти тие ќе добиваат месечен надоместок од 45 долари. Меѓу главните точки на нејзината изборна програма се економскиот раст на земјата на ниво од 7 отсто годишно. Таа, исто така, го поддржува зголемувањето на здравственото осигурување и изградбата на затвори (нејзиниот татко, 72-годишниот Алберто  Фуџимори е осуден на 25 години затвор за кршење на човековите права и во моментов е на издржување затворска казна), како и воведување на смртната казна за грозоморни злосторства.Во текот на последната телевизиска дебата на кандидатите, тие беа обединети во нивните ветувања за намалување на сиромаштијата во земјата (во моментов таа изнесува 34 проценти), подобрување на безбедноста во Перу, пониската инфлација и осигурувањето на економскиот пораст на земјата која се смета за една од најбрзорастечките во светот (до 7,5 отсто на  годишно ниво), како и натамошен развој.Според последните истражување на јавното мислење, разликата меѓу претендентите за највисоката државна функција е минимална – за Кеико Фуџимори би гласале 50,3 отсто, додека за Оланта Умала – 49,7 отсто од избирачите. Во првиот круг од претседателските избори Умала доби 31, а Фуџимори –  23 проценти од гласовите.Низ целата земја и во странство во неделата ќе бидат отворени 103 илјади избирачки места. За да победи на изборите, еден од двајцата кандидата мора да постигне 50 отсто плус еден глас. Избраниот за претседател на државата ќе ја преземе функцијата на 28 јуни а неговиот мандат трае пет години – до 2016 година.Изборите ќе бидат внимателно следени од повеќе од 235 претставници од Организацијата на американските држави (ОАС) и од Европската унија.Во петокот на 3-ти јуни, во Перу, стапи на сила забраната за продажба и пиење алкохолни пијалаци, која ќе трае до 12 часот во понеделник. Еден ден подоцна, во саботата, стапи на сила законот за забрана на носење на оружје./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети

Објавено пред

Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети.

dobivaj vesti na viber

Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила.

Во соседната Воронежка област, која се граничи со Белгород на исток, гувернерот Александар Гусев исто така пријави ракетни и напади со дронови, наведувајќи дека противвоздушната одбрана пресретнала дел од дроновите.

Пожар во едно општинска постројка бил брзо изгаснат, иако непотврдени извештаи на социјалните мрежи тврдат дека била погодена градската комбинирана термоелектрана.

Гусев предупреди дека делови од Воронеж би можеле привремено да останат без струја и да имаат прекини во греењето. Тој исто така пријави оштетувања на објекти на една градежна компанија и неколку возила. На жителите им беше препорачано да се засолнат во бункери како мерка на претпазливост.

Во градот Таганрог во Ростовската област исто така имаше извештаи на социјалните мрежи за експлозии и прекини на електрична енергија.

Во меѓувреме, Украина соопшти дека претрпела десетици напади, нарекувајќи ги едни од најжестоките руски ракетни и напади со дронови врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на војната.

Од 69 напади со дронови, 34 биле одбиени, според украинските власти. Ден претходно, Русија изврши напади со 458 дронови, 45 ракети и крстосувачки проектили.

Народот на Украина и понатаму е сериозно погоден од прекини на струја, греење и топла вода, пренесе ДПА.

Прикажи повеќе...

Свет

Три лица загинаа, а 15 се повредени откако Тенерифе го погодија џиновски бранови

Објавено пред

Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА.

dobivaj vesti na viber

Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе.

Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината националност, но нејзината точна возраст сè уште не е потврдена.

Инцидентот се случи вчера попладне во Пуерто де ла Крус, град на северниот брег на Канарскиот Остров, кога силата на брановите ја однеле неа и уште девет лица во водата.

Полицајците и случајните минувачи успеале да ги извлечат сите на брегот. За жал, Холанѓанката доживеала срцев удар и починала и покрај обидите за реанимација од страна на болничарите на местото на настанот.

Останатите девет лица, меѓу кои и тројца француски туристи, се пренесени во болница со различни повреди, од кои некои се сериозни.

Втора жртва е пријавена во Чарко дел Виенто, на околу 15 километри западно од Пуерто Ла Крус. 43-годишен Шпанец паднал во морето додека ловел риба.

Тој бил брзо спасен со хеликоптер, но болничарите можеле само да ја констатираат неговата смрт, според весникот „Ел Дија“. Властите веруваат дека најверојатно бил удрен од џиновски бран, иако немало очевидци.

Прикажи повеќе...

Свет

Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд

Објавено пред

Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.

dobivaj vesti na viber

Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.

Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.

Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.

Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија5 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија22 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ1 ден

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ1 ден

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 ден

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија1 ден

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет1 ден

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет1 ден

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....