Свет
Шефот на дипломатијата на Гадафи бара азил во Британија
Министерот за надворешни работи на Либија, Муса Кус ја напуштил функцијата и допатувал влика Британија со цел да бара политички азил, јавува вечерва Reuters, цитирајќи извор близок на министерот
Соговорникот на агенцијата додал дека причината за самоволната оставка на минситгерот Муса Куса дошло како резултат не неговото несогласување со дејствијата на либиските власти кои отворале оган врз цивилите. Претходно во средата навечер туниската новинска агенција TAP објави Куса одлетал од аеродромот на тунискиот град Џебра кон Велика Британија, но деталите од неговата посета на Тунис и за целта на неговото патување кон Британија не беа објавени.. Подоцна, новинската агенција Reuters, повикувајќи се на официјален претставник на либиската влада јави дека Кус е на дипломатска турнеја и „секако“ дека не поднесол оставка од функцијата шеф на министерството за надворешни работи.Британското министерство на оваа инфроамција соопшти дека ништо не знае за ова патување и дека не е планиран никаков состанок.Министерот Муса Куса, според портпаролот на либиската влада не пребегал и во странство отпатувал во дипломатска мисија.„Тој е во дипломатска мисија“, изјавил портпаролот Муса Ибрахим.Прашан за шпекуалциите во некои медиуми дека Куса можеби пребегал, Ибрахим кусо одговорил „секако дека не“.Минситерот Муса Куса е еден од најблиските соработници на либискиот лидер и е архитектот на драматичните промени во либиската андворешна политика којашто земјата ја врати во меѓународната заедница по долгогодишните санкции за аферата „Локерби“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

