Македонија
ЈСП годинава ќе заврши со 60 милиони денари загуба

Според завршните пресметки кои ги прави Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) оваа година загубата, за разлика од мината кога беше 46 милиони денари, им е зголемена за 15 милиони, односно ќе завржат со 60 милиони денари. Мишо Николов, директорот на претпријатието вели дека загубата е поради тоа што нафата годинива беше поскапена за 25 до 30 отсто, а додека загубата на патници им се намалила само за 0,1 отсто.Николов најави дека од утре приватните автобуси ќе почнат да возат со лепенки, кои ќе бидат поставени на двата краја од автобусите, а на нив ќе бидат известени сите средношколци дека можат да ги користат автобусите со валидни слободни билети. „Се раздолживме со приватните превозници и со овие налепници на некој начин ќе се заштитиме од дивите приватни превозници“, рече Николов.Тој додаде дека и конечно има успешен тендер за електронска наплата, по неколкуте неуспешни и дека во моментов се преговара за единствена цена на градскиот и приватниот превоз.Николов рече и дека е задоволен од начинот на кој функционира страната на нивниот веб сајт за поставување на грашања од граѓаните до нивната институција.„Неделно ни се поставуваат околу 70 прашања и на сите одговараме. Задовеолен сум од одзивот на граѓаните. Најчесто поставувани прашања се кога ќе пристигнат новите, автобуси, од која возраст треба да се плаќа автобуски билет за децата, со кој автобус да се стигне до одредена локација, како и имаме многу предлози за изменување на автобуските линии кои доколку сме во можност им излагаме во пресрет на граѓаните. Последен пример е со автобусот број 13, кој повеќе не тргнува од почетната станица во 16 и 14, туку во 16 часот и 30 минути“, рече Николов./крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.