Македонија
Попоски и Бесими во Брисел: НАТО останува приоритет
Шефот на дипломатијата, Никола Попоски и министерот за одбрана, Фатмир Бесими денеска во седиштето на НАТО во Брисел учестуваа на состанокот на Северно-атланскиот совет, информираат од Министерството за надворешни работи.
Шефот на дипломатијата, Никола Попоски и министерот за одбрана, Фатмир Бесими денеска во седиштето на НАТО во Брисел учестуваа на состанокот на Северно-атланскиот совет, информираат од Министерството за надворешни работи.Во своите обраќања пред амбасадорите на 28-те земји членки на НАТО, како што информираат од МНР, Попоски и Бесими говореле за постигнатите резултати во рамките на политичките, економски и одбранбени реформски процеси во Македонија, реафирмирајќи ја цврстата определба на земјата, како рамноправен партнер да ги споделува заедничките вредности и одговорности на Алијансата.Земјите членки, како што се соопштува, позитивно ја оцениле имплементацијата на дванаесетиот циклус од Акциониот план за членство и на задачите содржани во Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за периодот 2010-2011 година. Притоа, особено била истакната активната контрибуција на земјата во зачувувањето на регионалниот и глобален мир и стабилност, преку учеството во меѓународните мисии и операции предводени од НАТО и другите меѓународни организации.Амбасадорите на земјите-членки изразиле интерес за процесот за надминување на разликите со Грција околу името, како последна пречка за наше полноправно членство во НАТО. Во овој контекст, Министерот Попоски истакнал дека Република Македонија постојано ја демонстрира подготвеноста за изнаоѓање заеднички прифатливо решение, изразувајќи уверување дека тоа е можно во колку и двете страни на ова прашање му приоѓаат на прагматичен начин, во согласност со меѓународните принципи. Притоа, Попоски подвлекол дека Македонија ќе продолжи да биде позитивно ангажирана преку конструктивно учество во разговорите под покровителство на ОН, како и во воспоставениот директен дијалог на највисоко ниво. Министерот Бесими истакнал дека членството во НАТО останува врвен стратешки приоритет за земјата, што е исклучително важно за мирот, стабилноста и идниот развој на Македонија и регионот во целина. Притоа Бесими подвлекол дека ќе продолжат одбранбените реформи и значајниот придонес на Македонија кон регионалната и глобална безбедност, придобивка која беше истакната како исклучително позитивна од страна на Амбасадорите на земјите членки на НАТО. Министрите Попоски и Бесими остварија кратка средба со Заменикот-Генерален Секретар на НАТО – Клаудио Бисонјеро, а на покана на Амбасадорот на Холандија во НАТО, имаа и работен ручек со поголем број амбасадори на земји-членки на Алијансата, информираат од МНР. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

