Македонија
Пристигна вештачењето за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Вештачењето за хеликоптерската несреќа што се случи кај катлановско Блаце во којашто загинаа 11 припадници на АРМ, пристигна попладнево од Лондон, во истражното одделение на Основаниот суд 1 во Скопје
Од судот не соопштуваат детали, како што велат, се’ додека целосно не биде разгледано вештачењето што го вршеа британски експерти.Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12-ти јануари 2008 година полетаа со хеликоптерот МИ-17околу 9 часот и 30 минути од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром во Петровец, а последниот контакт со контролната кула екипажот го имал шест милји од целта.Во хеликоптерска несреќа кај Катланово животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.За испитување на причините за несреќата Владата формираше посебна Комисија со претставници од Министерството за надворешни работи од Министерството за внатрешни работи и од Министерството за правда. Комисијата требаше во најкус можен рок да поднесе и детален и финален извештај пред Владата. Државната комисија во извештајот наведе пет причини кои придонеле за несреќата – неповолни временски услови, непочитување на процедурите, неисправност на инструменти во хеликоптерот, пропусти во обуката на пилотите за интсрументално летање и недисциплинираност на екипажот. Обвинителството оцени дека извештајот на државната комисија бил проблематичен и затоа побарало странска експертиза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неработни денови во 2026 година
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
• 1 јануари (четврток), Нова Година,
• 7 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 1 мај (петок), Ден на трудот
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден,
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
• 27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
фото: принтскрин
Македонија
Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето
Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави нов марш на ангелите што ќе се одржи в сабота во 12.05 часот на скопскиот плоштад.
„Од радост до тишина – нашите ангели што заминаа премногу рано. Ги испративме со песна, а судбината ни ги врати во болка. Ова видео е потсетник дека зад секоја трагедија стојат вистински животи, семејства и љубов. Да не дозволиме болката да биде заборавена – да бараме правда со достоинство и сила“, се вели во описот на видеото.
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
„Никој не сака да биде дел од компромитираната клика на Филипче, СДС е во целосен распад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика. Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, лични интереси и предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче под менторство на Заев, ја уништи довербата кај граѓаните и симпатизерите на СДС, а партијата ја сведе на 120 илјади гласа, што е огромен политички неуспех на раководство во СДС.
Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче ниту кај поранешни функционери и симпатизери на СДС, не е перципиран како лидер и не ужива доверба. Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС.
Дури и најгласните поддржувачи и некогашни функционери во СДС денес одбиваат да бидат дел од СДС. Никој повеќе не сака да стои зад Филипче, кој со својата неспособност и лукративни цели на кланот Заеви ја закопа партијата на дното.
СДС се соочува со лидерска криза кој ја блокира реформата во партијата. Единствениот чекор, кој може да ја спаси СДС од целосен распад, е итна оставка на Филипче и започнување на вистински внатрешни реформи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

