Свет
Снегот го наруши сообраќајот во Европа

Врнежите од снег го нарушија сообраќајот во западна Европа поради што затворени се лондонскиот аеродром Гетвик, како и воздушните пристаништа во Единбург и во Женева. Проблеми има и во железничкиот и патниот сообраќај , а Венеција е под вода поради појавата позната како „acqua alta“, пренесуваат агенциите.Снегот го приземји целиот воздушен сообраќај во Гетвик, јужно од Лондон, а најлошото невреме што во последните две децении ја зафатило Велика Британија, предизвика доцнења и во патниот и во железничкиот сообраќај.Дебелата бела прекривка го парализираше и сообраќајот на аеродромот во Единбург, главниот град на Шкотска, каде се очекуваат температури и до минус 20 Целзиусови степени.Еуростар, брзиот воз кој под каналот Ла Манш го поврзува Лондон со континентална Европа, доцнел 30 минути. Агенцијата АФП пренесува дека шест воза биле исклучени од линијата Лондон – Париз – Брисел, а патниците биле пренасочени на другите линии.Во Франција снежното невреме најтешко ја погоди долината на Рона. Камионскиот сообраќај е забранет во алпските предели, а прекинат е и превозот на ученици.Воздушното пристаниште во Женева е затворено, а стотици патници беспомошно чекаат поради 20 сантиметри високиот снег што напаѓал вчера, а според метеоролозите денеска се очекуваат нови 15 сантиметри. Снегот го зафати и северниот дел на Италија, каде е забавен сообраќајот низ градовите и автопатиштата. Освен Ломбардија и нејзиниот главен град Милано, снегот ги побеле и северозападните региони.Центарот на Венеција денеска е под вода поради појавата „acque alte“ која го зголемила нивото на морето до 111 сантиметри.Во Рим зголемен е водостојот на реката Тибар, поради обилните дождови кои последните денови паѓаат во италијанската метропола, но страв од поплави нема.Снегот го нарушил патниот и железничкиот сообраќај речиси низ цела Словенија со доцнење на возовите и автобусите од 30 до 60 минути. На автопатиштата во Словенија е забрането движење за тешките товарни возила./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.