Свет
Бојко Борисов победи во Бугарија
Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на софискиот градоначалник Бојко Борисов извојува убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Бугарија.
Како што соопшти утрово Централната изборна комисија, според 99,88 отсто од преброените гласови, ГЕРБ освоила 39,70 отсто од гласовите, пред „Коалицијата за Бугарија“ предводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП) на премиерот Сергеј Станишев со 17,72 и партијата на бугарските Турци – Движење за права и слободи (ДПС) со 14,47 проценти.Изборниот праг од четири отсто, што е услов за освојување мандати во Собранието, го минале и националистичката партија Атака со 9,37, конзервативната т.н. Сина коалиција со 6,73 и партијата Ред, законитост и правда со 4,13 проценти.Од другите партии, коалицијата Лидер-Ново време освои 3,26 отсто, а либералното Национално движење за правда и напредок (НДСВ) на поранешниот премиер Симеон Сакскобургготски 3,02 проценти. Ниту една друга партија нема повеќе од половина проценти од гласовите.Борисов по објавувањето на првичните резултати од глсовите изјави дека тој веројатно ќе биде идниот бугарски премиер.„При ваков изборен резултат и одговорноста што паѓа на ГЕРБ, јас немам право да не раководам со Владата“, нагласи Бојко Борисов.Премиерот Станишев го призна поразот, додавајќи дека БСП не е задоволна од остварените резултати.„Коалицијата за Бугарија претрпе сериозен, тежок и очигледен пораз. Би било многу неодговорно и наивно да се криеме од тој факт“, порача Станишев.Тој оцени дека БСП ќе продолжи да води активна политика и ќе биде конструктивна за сите идеи.Лидерот на ДСП, Ахмед Доган, чија партија беше досегашен коалициски партнер на социјалистите, изјави дека засега е тешко да се процени дали е добро или лошо за партијата да учествива во идната влада.„Во оваа фаза е тешко да се процени дали е добро или лошо за ДПС да учествува во власта, но ние многупати сме нагласувале дека за нас власта не е цел сама по себе“, порача Доган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

