Македонија
Џафери: СППБИ важен за транспарентност при трошењето на јавните финансии

Министерот за одбрана Талат Џафери во среда се сретна со професор д-р Фарансоа Мелес од Институтот за менаџирање со ресурси во одбраната, од Монтереј, САД.
На средбата соговорниците разменија искуства и мислења поврзани за Системот за планирање, програмирање, буџетирање и извршување (СППБИ) кој, всушност, претставува многу важна алатка за менаџирање со ресурсите во одбраната, особено во услови на ограничени финансиски средства.
Министерот Џафери во оваа прилика посочи дека системот е од исклучителна важност за обезбедување на транспарентност и отчетност на трошењето на јавните финансии и подобрување на ефикасноста и ефективноста на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во остварувањето на стратегиските цели.
Дополнително, во контекст на СППБИ, министерот Џафери на неодамна одржаниот Цетињски парламентарен форум во Црна Гора, истакна дека неговото унапредување е континуирана заложба на Министерството за одбрана, сè со цел постигнување на пооптимално алоцирање на ресурсите и максимализирање на одбранбените капацитети и способности.
Во рамки на посетата на Министерството за одбрана, делегацијата од Институтот за менаџирање со ресурси во одбраната од САД, вчера оствари средба и со експерти од Министерството за одбрана од оваа област, на која беа размени мислења и искуства во насока на унапредување на СППБИ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врвниот потенцијал да се стави на располагање на пациентите: Алиу потпиша меморнадум за соработка со приватните здравствени установи

Министерот за здравство Азир Алиу денес ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјата – „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ – со цел потпишување заеднички меморандум за соработка.
Со овој меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу Министерството за здравство и приватните здравствени установи, со која ќе се овозможи ангажирање здравствен кадар – специјалисти од приватниот сектор во јавните здравствени установи во случаи на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања, информираат од Министерството.
„Законоското функционирање на сите здравствени установи, како јавни така и приватни, е наш највисок императив. Целта е врвниот потенцијал на здравствениот систем да им се стави на располагање на пациентите преку мапирање и ставање на потребните ресурси во интерес на граѓаните“, истакна министерот Алиу.
Меморандумот предвидува Министерството тековно да ги идентификува јавните здравствени установи со потреба од дополнителен кадар, да обезбеди административна и правна поддршка, како и да ја координира соработката. Од друга страна, приватните здравствени установи се обврзуваат да обезбедат квалификуван здравствен кадар, кој ќе биде ангажиран под јасно утврдени услови и во согласност со етичките и професионалните стандарди.
Со овој чекор Министерството за здравство го унапредува партнерството со сите здравствени капацитети во државата, со крајна цел – подобрување на квалитетот и на достапноста на здравствените услуги за пациентите, велат од таму.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС преку АНБ и АР ја следел ВМРО-ДПМНЕ за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт

СДС преку АНБ и АР го следеле ВМРО-ДПМНЕ, за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт. СДС целосно ги ставиле службите во нивната партиска агенда, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Службите, додава тој, го следеле претседателот Мицкоски, со цел негова политичка елиминација и елиминација на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел што подолго да остане СДС на власт, за да ги распродава националните интереси и да прави криминал.
„Планот на СДС е осуетен од ВМРО-ДПМНЕ и искрената борба за подобра и посилна Македонија, и покрај сите следења и прислушувања, СДС не успеа во својот план за политичка елиминација на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски.
ЈО треба да се одважи и конечно да тргне одлучно во решавање на прислушкувањето. Злоупотребата не смее и нема да остане неказнета. Сите инволвирани ќе одговараат“.
Македонија
Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што ќе го врати името Република Македонија. И второ, дека ќе ги апси фунционерите од ДУИ, при што ќе го превоспита Али Ахмети, праќајки го во опозиција, во затвор и во историја, пишува на социјалните мрежи поранешниот амбасадор, Андреј Жерновски.
Јасно, вели Жерновски, тоа беше наративот на опозиционерот Мицкоски, кој не само што добро знаеше дека се тоа тешки лаги, туку и добро излажа.
„Откако дојде на власт, “опозиционерот Мицкоски” експресно беше заменет со “премиерот Мицкоски”. Сосема друг човек, поинаков, со целосно променети ставови. Да не го препознаеш. Не само што не ги исполни стожерните ветувања, туку од првиот ден почна истите да ги погазува.
За да влезе во Влада, прво во Собранието без проблем си ги потпиша сите документи со Северна Македонија, а првиот закон кој новото парламентарно мнозинство го донесе беше изгласан токму со поддршка на озлогласениот ДУИ.
Силниот патриот преку ноќ се претвори со прагматичен и “конструктивен” политичар“.
На владините соопштенија, додава Жерновски, толку ревносно го употребува терминот “Северна”, „што многумина мислат дека он го потпишал договорот во Преспа. Се сеќавате, секако, на онаа негова фамозна опозициска изјава: “Ако бидам премиер, никогаш нема да кажам Северна – нека ми го одземат мандатот“.
Се разбира, ништо од таа заклетва“.
И така, преку ноќ, оценува Жерновски, Преспанскиот, од предавнички, стана договор кој е ремек дело, а новото уставно име стана забетонирано, односно Заветно.
„Но, како и во поговорката за лоповот, така и оној што лаже, не може да застане на “еднаш”.
Јавноста, особено онаа излажаната, набрзо ќе биде сведок дека пред нејзини очи се случува бесрамно прекршување и на второто ветување. Мицкоски подолг период го моли “превоспитаниот” Ахмети да влезе во владата! Не важат повеќе гордите патриотски говори од славните опозициски денови во кои ќе им одржеше леција, ќе ги модернизираше и декриминализираше своите довчерашни соработници од ДУИ.
Преговорите меѓу двете партии не само што се водат интензивно, туку се во завршна фаза. Сериозни извори тврдат дека е веќе е договорено предвремените парламентарни извори да се одржат во април идната година.
За жал, ова не е првоаприлска шега, а дека тоа е така, може да ви го потврдат преговарачите. Од една страна министерката која ја направи, нели, Македонија една од трите најдобри економии во Европа, како и пратеникот кој покажа дека собраниската плата е бајаги поголема од урнисаната семејна кошничка. Од друга страна, омилениот интегративец на груевистите, кои се враќа на голема врата преку, за него, добро позната врата во Белата палата.
Патем, ДУИ веќе доминира во преговорите, бидејќи не успеа молењете на Мицкоски новата патриотска колиција да се случи веднаш по локалните избори, без таквиот старо-нов брак да биде заверен пред гласачите.
А да, ги (под)заборавивме ВЛЕН и ЗНАМ. Тие ќе си останат со прстот во уста, исто како и изневерените гласачи.
Како и да е, тој што лаже и кој на таков начин дошол на власт, е мал политичар и уште помал човек.
Да се подготвиме за новата свадбарска фотографија на Али Ахмети и Мали Мицкоски.
Али и Мали“, пишува Жерновски.