Македонија
Профил на Македонија на CNN
Историските, политичките и природните карактеристики на Македонија се дел од профилот објавен на интернет-страницата на CNN, како најава на емисијата i-List, чие издание од 10-ти до 14-ти мај ќе биде посветено на земјава.
Историските, политичките и природните карактеристики на Македонија се дел од профилот објавен на интернет-страницата на CNN, како најава на емисијата i-List, чие издание од 10-ти до 14-ти мај ќе биде посветено на земјава. „Околу четвртина од двомилионското население живее во главниот град Скопје, низ кој тече реката Вардар, која ги дели блоковите со згради од комунистичката ера од стариот град од отоманската ера, град полн со докази за 2.500-годишната историја под римска, византиска, отоманска и југословенска власт“, се вели во текстот. Во профилот објавен на CNN не се одминати природните убавини на Македонија, преку споменувањето на Охридското езеро, како едно од најдлабоките езера во Европа, топлите бањи и Шар Планина. Земјата се претставува како рај за скијање, планинарење и спортско качување. Не е одминат ниту проблемот со името преку давање на краток историјат на спорот со Грција. „Македонија е единствената земја што мирно се оддели од поранешна Југославија, но 19 години подоцна се уште има меѓународна идентитетска криза околу нејзиното име“, се вели во профилот, напоменувајќи дека грчкото противење резултирало со недобивање на покана за членство во НАТО во 2008-ма година. CNN накратко ги опфаќа економските параметри на земјата, споменува дека Ѓорге Иванов е претседател, а Никола Груевски премиер на земја. На крајот, се вели дека Македонците се горди на својата кујна, која е мешавина од балканската, медитеранската и турската. /крај/cnn/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.