Економија
Скромен промет на македонската берза

Скромен промет го одбележа тргувањето на македонската берза во вторник, иако беше проследен со пораст на двата главни индекси за акции
Скромен промет го одбележа тргувањето на македонската берза во вторник, иако беше проследен со пораст на двата главни индекси за акции.
По наглото опаѓање во понеделник, МБИ10 во вторник оствари скромен пораст од 0,47%, а вредноста достигна 2.978,88 индексни поени.
МБИД со малку повисок раст од 0,85% го зголеми нивото на 3.189,20 индексни поени.
ОМБ оствари намалување од 0,78%, при вредност од 109,94 индексни поени.
Од вкупниот промет кој изнесуваше 13.383.175,38 денари, на редовниот пазар беше остварен промет од 12.552.870,38 денари при реализирани 116 трансакции. Прометот на редовниот пазар изнесуваше само 830.305,00 денари.
Државните обврзници имаа слаб промет кој изнесуваше 724.579,38 денари, а најтргувана беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 699.185,48 денари, додека просечната вредност изнесуваше 84,63% при дневно намалување од 2,47%.
Од официјалниот пазар, а воедно и од целата берза, најликвидни беа акциите од компании кои се дел од МБИ10. Меѓу нив најликвидна беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 3.849.210,00 денари. Просечната цена од 3.000,16 денари донесе само минимално зголемување од 0,01%. Истргувани беа 1.283 акции кои се реализираа преку 12 трансакции.
Следеше Алкалоид Скопје со промет од 3.586.476,00 денари, но за разлика од Комерцијална Банка, со оваа акција беше остварен раст од 2,83% при просечна цена од 5.145,59 денари. Ценовниот распон се движеше од 5.050,00 денари до 5.201,00 денари. Истргувани беа 697 акции кои се реализираа преку 27 трансакции.
Со акцијата на Макстил Скопје се оствари промет од 1.474.819,00 денари. Просечната цена од 250,86 денари значеше дневен пад од 0,45%. Истргувани беа 5.879 акции кои се реализираа преку 21 трансакции.
Иако со многу слаб промет, од редовниот пазар најликвидна беше Македонски Телекомуникации Скопје. При промет од 238.475,00 денари, остварена беше просечна цена од 414,74 денари што значеше пораст од 1,91%. Истргувани беа 575 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.
Прилепска Пиварница Прилеп оствари промет од 154.000,00 денари. Просечната цена од 11.000,00 денари значеше намалување од 3,33% при истргувани 14 акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална Банка Скопје2. Алкалоид Скопје3. Макстил Скопје4. Гранит Скопје5. Р.Македонија – Денационализација 08 Хартии од вредност со најголем пораст 1. Попова Кула Демир Капија 7,69% 2. РЖ Техничка контрола Скопје 7,42%3. Алкалоид Скопје 2,83%4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,73%5. Македонски Телеком Скопје 1,91%.Хартии од вредност со најголем пад1. Енергомонт Скопје 40,00%2. ЕМО Охрид 16,67%3. Охридска Банка Охрид 9,28%4. ИЦН – Фарм Скопје 6,67% 5. ЗК Пелагонија Битола 6,47%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.