Македонија
Спасов: Доаѓањето до посакуваното работно место е предизвик за младите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на советувањето на тема „Како до поголема вработливост на студентите и дипломците?”, поддржано од проектот „Градење капацитети за поголема вработливост”.
Тој посочи дека за младиот човек доаѓањето до посакуваното работно место е предизвик, дека до него се стигнува со континуирана надградба, но и дека формалното образование не е доволно за да се биде конкурентен на пазарот на трудот, туку потребно е континуирано надградување на личните способности и вештини.
„Како ресорен министер должен сум да ги споменам политиките на Владата на Република Македонија на ова поле. Тоа е осмислување и примена на комплексно усогласени мерки заради побрзо вклучување на младите на пазарот на трудот, како и обезбедување на полесна транзиција на младите од училиште на работа. Во овој контекст ќе го споменам Акцискиот план за вработување на млади кој е насочен кон зајакнување на политиките за вработување вклучувајќи ги и програмите во образованието, обуката, надградбата и стекнување на нови вештини, и тоа се со цел да ги зголемат своите можности за работа и вклучување во општествените текови. Воедно и во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2014 години, предвиден е опфат на младите лица до 29 години, според кој во 2013 година беа опфатени 2.829 млади лица”, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во обраќањето.
Спасов им изрази благодарност на меѓународните партнери коишто даваат поддршка за ваквите и слични проекти како што е проектот „Градење капацитети за поголема вработеност” којшто е поддржан од Амбасадата на Кралството Велика Британија и Северна Ирска. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.