Македонија
Георгиевски: Извршителите на атентатот врз Глигоров се во земјава
Според Георгиевски, двете клучни прашања за расветлување на атентатот се осамостојувањето на Македонија односно кому му пречел Глигоров и кој најмногу добил од криминалниот бизнис за време на грчкото ембарго, односно би изгубил од неговото укинување
„Сто процентно сум сигурен дека извршителите на атентатот врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, се внатре во земјата и претпоставувам дека се уште живи. Но загрижувачки е што слободата за таков атентат може да си ја дозволи само некој кој навистина се чувствува комотен и слободен во земјава“, рече поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски на денешната дебата ,“15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта”, во органзиација на Ветераните на АРМ. Според Георгиевски, двете клучни прашања за расветлување на атентатот се осамостојувањето на Македонија односно кому му пречел Глигоров, кој во тој период кога државата конечно ја потврди својата самостојност, ја имал целата власт, а Владата била минорна. Второто прашање е и кој најмногу добил од криминалниот бизнис за време на грчкото ембарго, односно би изгубил од неговото укинување.„До денес не сакам да прифатам дека некој политичар од Македонија стои зад атентатот заради некакви бенефиции. Сметам дека се работи за структури кои командата ја примиле од страна, но загрижувачки е што тие структури се уште постојат и тоа е проблем на македонската политика. Дали ќе дозволиме со нерасчистувањето на овој случај тие недефинирани структури да ги контролираат и насочуваат процесите во државата., рече Георгиевски. Пратеникот Стојан Андов рече дека за атентатот на Глигоров македонската држава и општество покажале тотална неефикасност.„Не можеа да го заштитат, иако неколкупати алармирал дека добива отворени закани, а по атентатот немало сериозна истрага“, рече Андов кој во време на атентатот беше претседател на Собранието.Тој смета дека за целосно расветлување на случајот треба да се разгледа тогашното однесување на институциите во државата, како Владата, Парламентот, министерствата за внатрешни работи, за правда и за одбрана, како и Обвинителството и судовите, но и политичките партии.„Мора да имаме прецизна оцена како овие надлежни органи си ја вршеа својата работата и како се држеле партиите. Мора да бидат отворени и разгледани и партиските архиви, но и однесувањето на интелектуалците“, рече Андов.Според заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, кој на дебатата се обрати во својство на новинар, упати на неговата книга „Атентати“ издадена една година по атентатот со која дава преглед на цела достапна фактографија за настанот.Тој рече дека кога ја читал книгата од денешен аспект, мисли дека знае кој стои зад атентатот, но посочи дека нема докази и не смее да каже.Според него атентатот врз Глигоров бил апсолутно успешен, ја завршил својата работа, бидејќи неговите политички капацитети и неговото влијание биле апсолутно намалени.Според Илија Николовски, генерал во пензија од Здружението на ветерани, постои дефицит на информации и треба да се охрабрат надлежните органи да преземат мерки и активности за да се расчисти овој како што го рече, најмистериозен и контроверзен настан во поновата македонска историја, бидејќи за тоа постои научна и општествена оправданост.Aктуализирање на проблемот со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров и подигање на свеста кај граѓаните и особено државните безбедносни органи за негово расветлување, е целта на научно-стручната дебата што ја организираше Форумот за безбедност и Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста, на која присуствуваа поранешни и сегашни политичари, универзитетски професори, научници, аналитичари, експерти од областа на безбедноста, претставници на невладини организации и новинари.Неуспешниот атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен со автомобил бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога тој со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.Се уште е непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

