Македонија
„Партизанска“ викендов затворена за сообраќај
Една од клучните сообраќајници во Скопје, булеварот Партизански одреди, за време на претстојниот викенд ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање.
Една од клучните сообраќајници во Скопје, булеварот Партизански одреди, за време на претстојниот викенд ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање.Булеварот Партизански одреди ќе биде затворен за сообраќај од 03:00 часот во сабота до 17:00 часот во недела во двете насоки од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски (кај Соборниот храм) до крстосницата со улицата Ленинова /аптека „Зегин“/.„Се молат сите учесници во сообраќајот за патување кон центарот и во спротивна насока да ги користат следниве сообраќајници, булеварот Илинден и улицата Митрополит Теодосиј Гологанов“, стои во соопштението на Град Скопје.Истовремено се повикуваат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и личните карти со старото уставно име
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните кои сè уште користат лични документи со старото уставно име. Како што рече, голем дел од документите, како возачките дозволи и пасошите, се веќе заменети со новото уставно име.
Тошковски нагласи дека граѓаните не треба да трпат штета поради „погрешните политики на претходната власт.“
„Огромен број од возачките дозволи се веќе заменети. Еднаш упатив јавен апел до сите полициски службеници дека не треба македонските граѓани да бидат казнувани заради тоа што во минатото имало политичари коишто не си ја сакале државата. Упатувам апел да ги применат законските одредби за опомена и укажување на сите оние кои во овој адаптибилен период сè уште користат возачка дозвола која е важечка според рокот, но не е усогласена со законот“, изјави Тошковски и додаде:
„Полициските службеници треба да постапуваат внимателно, применувајќи ги одредбите за опомена, за да не се казнуваат граѓаните поради минатите пропусти“.
Македонија
Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Илире Даути од ДУИ бидејќи не го почитува Деловникот
Најпрво да го истакнам ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Имено ние даваме поддршка на оваа интерпелација и ќе гласаме за интерпелацијата на колешката Илире Даути, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната собраниска седница.
Ласовска истакна дека интерпелацијата за Илире Даути е поради проблематичното работење кое го кочи работењето на комисијата.
„Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути сосема неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно, па јас би рекла и проблематично го кочи работењето на оваа комисија“, посочи Ласовска и додаде:
„Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се случи денеска. Имено вчера се оградија од досегашниот партнер во владата, СДСМ се оградува од ДУИ и вели дека тие се најкорумпираната политичка партија во Македонија, а денеска излегуваат и не сакаат да учествуваат во работата на Собранието и не сакаат да дадат поддршка за интерпелацијата на Илире Даути. А, истовремено пак замислете кој е тој парадокс, законот заради кој Илире Даути заслужено добива интерпелација е поднесен од нив сега откако 7 години беа на власт и не поднесоа закон. Само што паднаа од власт поднесоа вакво законско решение“, истакна Ласовска.
Македонија
Кузеска: Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм
Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, вели во одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
– Реториката за постојано подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и спотови со воени опреми се несоодветни провокации за кои дефинитивно нема место во нашето општество. Не држат вода ставовите дека во СДСМ има албанофобија, СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и се залага за добри односи со сите заедници коишто живеат во Република Северна Македонија. СДСМ докажала дека секогаш се борела и ги бранела правата на сите етнички заедници кога тие биле загрозени. Во оваа држава, ниту Aлбанците ниту Македонците ниту Србите ниту Tурците и сите коишто живеат тука, не сакаат да слушаат вакви реторики туку сакаат конкретни решенија коишто ќе ги решаваат секојдневните проблеми, рече Кузеска.