Македонија
Рамковниот договор доследно се спроведува
Македонија е фокусирана на доследното спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и посветеноста за изнаоѓање на решение за прашањето за името, истканал премииерот Груевски на средбата со заменикот државне секретар Филип Гордон во Загреб
Доцна синоќа во Загреб премеирот Никола Груевски се сретна со помошникот на државниот секретар на САД, Филип Гордон, која минала во пријателска и конструктивна атмосфера, информираат од кабинетот на македонскиот премиер. Претходно Гордон во Скопје имаше одвоени средби со повеќе македонски политичари и со лидерите на релевантните политички партии.Централната тема на средбата била европската перспектива на Република Македонија и регионот, како и за стратешкото партнерство на Република Македонија и САД кое е од исклучително значење за развојот на заемните односи и за самиот развој на земјата. Премеирот Груевски притоа го информирал својот соговорник за реформите и модернизацијата кои Владата ги спроведува во насока на достигнување на европските и евро-атлантските стандарди. На средбата стана збор и за економската состојба во Република Македонија и регионот, односно за предизвиците и перспективите на идниот економски развој.Двајцата соговорници ги осудија сите пројавни облици на екстремистички структури и заклучија дека политичкиот процес треба да се заснова на демократски принципи, институционален и политички дијалог, како и доследно спроведување на владеењето на правото. Средбата се одржа во Загреб, бидејќи премиерот Груевски заради вулканскиот пепел и затвореноста на дел од европскиот воздушен сообраќај по сугестија на мароканските воздухопловни власти, каде беше во официјална посета, не можеше попладнето да допатува во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

