Македонија
Продолжува падот на берзата
Падот на индексот МБИ10 на Македонската берза продолжи и денеска со нешто помал подем во однос на понеделникот
Падот на индексот МБИ10 на Македонската берза продолжи и денеска со нешто помал подем во однос на понеделникот.
Индексот денеска оствари пад од 2,60 проценти, односно заврши на 1.598,50 индексни поени. Иста ситуација и со другите индекси, индексот на јавно поседувани друштва падна за 1,86 проценти, а на обврзниците за 0,06 проценти.
Вкупниот промет на берзата денеска изнесуваше 15.856.198.19 денари, преку 131 трансакци. Притоа на Официјалниот пазар се реализира промет од 10.938.256,19 денари од 107 трансакции, а остатокот од 4.917.942,00 денари се оствари на Редовниот Пазар.
Први по обем на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје, кои при вчерашното тргување пораснаа за 2,88 проценти и тоа беше единствената акција, покрај акцијата на Идевелоп кои регистрираа раст. Се истргуваа 1.358 акции, се тргуваа по цена од 2.005,05 денари по акција и при тоа вредноста на тргување со нив изнесуваше 2.722.858,00 денари.
Втори по обемот на тргување на Официјалниот Пазар беа обврзниците од седмата емисија од денационализација. Се истргуваа 45.529 обврзници по просечна цена од 84,39 проценти од номиналната вредност, односно забележа раст од 0,05 проценти по акција.
Вкупниот остварен промет со овие хартии од вредност изнесуваше 2.359.670 денари.
Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа обврзниците од петтата емисија од денационализација. Се тргуваа по просечна цена од 83,63 проценти од номиналната вредност, а се истргуваа 41.000 обврзници. Вкупниот промет со овие хартии од вредност изнесува 2.105.824,34 денари.
На Редовниот Пазар како најтргувани акции беа акциите на Струмица Табак, кои се тргуваа по цена од 4.600,00 денари, односно забележаа пад од 10,68 проценти. Се истргуваа 617 акции, а се оствари промет од 2.838.200,00 денари.
Втори по обем на тргување на овој пазар беа акциите на Прилепска Пиварница кои се тргуваа по цена од 5.000,00 денари по акција, се истргуваа 155 акции, а вкупниот промет со нив изнесуваше 775.000 д.
Нагорна промена на овој Пазар забележаа акциите на Идевелоп Скопје, кои се тругваа по цена од 38,90 денари за акција, односно беше регистриран раст од 2,37 проценти во однос на минатите тргувања со овие акции. Се истргуваа 5.000 акции, а прометот со нив изнесува 194.500,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална банка Скопје
2. Р.Македонија-денационализација 07
3 Р.Македонија-денационализација 05
4. Струмица Табак
5. Прилепска Пиварница
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Комерцијална банка Скопје 2,88 %
2. Идевелоп Скопје 2,37%
3. Р.Македонија-девизни влогови 0,16%
4. Р.Македонија-денационализација 07 0,05%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Макошпед Скопје 42,86%
2. Струмица Табак 10,68%
3. Прилепска Пиварница 9,09%
4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 8,51%
5. Бетон Скопје 7,61%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче
Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче. Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не сакале да бидат дел од партијата која некогаш беше државотворна партија, а сега спадна на едвај 120 илјади гласови, за кои заслужен е директно Венко Филипче, а и неговите претходници Ковачевски и Зоран Заев“.
Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, нагласи Манасиевски, не сакале да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не го гледаат Филипче како нивен предводник во СДС.
Очигледно е, вели тој, дека во СДС има проблем во делот на консолидација, а тој проблем е директно Венко Филипче.
„Единствено решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа СДС е Филипче да си поднесе оставка, а СДС да почне со внатрешни реформи“.
Македонија
Изнервирана затоа што бебето плачело го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството покрена истрага против мајката
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење.
Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето на лекарски преглед.
На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани повеќе нови повреди – контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Во исто време, констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го удира бебето.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, пред се поради опасноста од бегство. Детето-жртва за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи.
Македонија
(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
На прашањето дали се блокирани средствата од ИПАРД, Мицкоски одговори дека тоа не е точно, туку напротив дека е поздравена позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија.
Тој додаде дека побарал да се стопираат исплатите на парите од ИПАРД за да се види до каде одат злоупотребите.
„Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Првичните информации говорат дека тоа не е од сега туку години наназад тоа е правено, така што се ќе истражиме и секој кој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен. Кој сака нека биде“, одговори Мицкоски на новинарското прашање.

