Свет
Уапсените во Малезија вмешани во нападот врз патнички авион

Деветтемина уапсени под обвинение за тероризам во Малезија се сомничат за поврзаност со уапсениот нигериец кој минатиот месец се обиде да разнесе американски авион, јавуваат светските медиуми.
Деветтемина уапсени под обвинение за тероризам во Малезија се сомничат за поврзаност со уапсениот нигериец кој минатиот месец се обиде да разнесе американски авион, јавуваат светските медиуми.
Министерот за внатрешни работи на Малезија, Хишамудин Хусеин, во средата соопшти дека се уапсени 10 луѓе, повеќето странци под сомнение дека се поврзани со интернационална терористичка мрежа.
Меѓу уапсените се 4 мажи од Сирија, двајца од Нигерија и по еден од Јемен и Јордан.
Детали за доказите околу обвинението не се објавени.
Властите во Малезија, по дојавата која ја добиле од странски анти-терористички агенции, ги уапсиле осомничените сметајќи дека се поврзани со Умар Фарук Абдулмуталаб од Нигерија. Тој е обвинет за обид да детонира бомба скриена во неговата долна облека за време на летот од Амстердам до Детроит на 25 декември минатата година./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Тотално уништување на иранските нуклеарни објекти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали ефектот од американските напади врз иранските нуклеарни објекти, иако според прелиминарните извештаи се доведува во прашање дали САД успеале да уништат поголем дел од збогатениот нуклеарен материјал на Иран.
„Монументална штета е нанесена на сите нуклеарни објекти во Иран, што е потврдено со сателитски снимки“, напиша тој доцна во неделата навечер на Truth Social.
„Тотално уништување е точниот термин! Белата структура на сликата е длабоко закопана во карпата, дури и нејзиниот покрив е под нивото на земјата, целосно заштитен од пламен. Најголемата штета се случила длабоко под површината на земјата. Погоден во центарот!!!“, напиша Трамп.
САД нападнаа три клучни ирански нуклеарни објекти рано наутро во неделата по локално време. Трамп тврди дека операцијата ги уништила локациите, но американските претставници сè уште проценуваат колку бил сериозен ударот врз нуклеарната програма на Иран.
Си-Ен-Ен вчера објави дека не изгледа дека САД ги употребиле своите најмоќни бомби против еден од трите нападнати објекти, што покренува прашања дали операцијата воопшто е завршена.
Свет
Стејт департментот издаде глобално предупредување за Американците

По нападите на САД врз Иран, на граѓаните на САД ширум светот им се препорачува зголемена претпазливост.
Стејт департментот издаде глобално предупредување поради потенцијална закана за граѓаните и интересите на САД надвор од САД.
„Постои можност за протести против граѓаните и интересите на САД во странство. Стејт департментот им советува на граѓаните на САД ширум светот да бидат претпазливи“, се вели во предупредувањето.
Иран вети дека ќе продолжи да се брани, еден ден откако САД му се придружија на Израел во најголемата западна воена акција против земјата од Исламската револуција во 1979 година, и покрај повиците за воздржаност и враќање на дипломатијата од целиот свет.
Комерцијалните сателитски снимки покажаа дека американскиот напад во саботата врз подземната нуклеарна централа Фордоу во Иран сериозно го оштети или уништи длабоко закопаното место и центрифугите за збогатување ураниум, но точниот обем на штетата на местото не е утврден, велат експертите.
Во своите последни коментари на социјалните медиуми за американските напади, Трамп рече дека „е нанесена монументална штета на сите нуклеарни постројки во Иран“.
„Најлошата штета се случи многу под нивото на земјата. На целта!!!“ напиша тој на својата платформа Truth Social.
Трамп претходно го повика Иран да се воздржи од каква било одмазда и рече дека „мора да склучи мир сега“ или „идните напади ќе бидат многу поголеми и многу полесни“.
САД лансираа 75 прецизни водени ракети, вклучувајќи бомби за уништување бункери и повеќе од дваесетина ракети Томахавк, врз три ирански нуклеарни постројки, изјави за новинарите претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Ден Кејн.
Свет
Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека израелското бомбардирање започнато на 13 јуни било голема грешка и големо злосторство.
„Ционистичкиот непријател направи голема грешка, тој направи големо злосторство – мора да биде казнет и се казнува; поточно, се казнува токму сега“, напиша Хамнеи рано наутро на социјалните мрежи, покрај фотографија од ракети што паѓаат врз израелски град, а во позадина огромен череп со Давидова ѕвезда на главата.
#همین_حالا
مجازات ادامه دارددشمن صهیونی یک اشتباه بزرگی کرده، یک جنایت بزرگی را مرتکب شده؛ باید مجازات بشود و دارد مجازات میشود؛ همین حالا دارد مجازات میشود.#الله_اکبر pic.twitter.com/wH6Wk9nNhJ
— KHAMENEI.IR | فارسی 🇮🇷 (@Khamenei_fa) June 23, 2025
Иран и Израел продолжија да разменуваат воздушни напади и ракетни напади додека светот се подготвува за одговорот на Техеран на американскиот напад врз неговите нуклеарни постројки, а американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе идејата за промена на режимот во Исламската Република.