Македонија
ИВЗ: Исламофобијата е комбинирана со владина пропаганда
Исламската верска заедница(ИВЗ) реагира на, како што велат, понижувањето на исламската вера на Вевчанскиот карневал, како и исмејувањето на Куранот.
Исламската верска заедница(ИВЗ) реагира на, како што велат, понижувањето на исламската вера на Вевчанскиот карневал, како и исмејувањето на Куранот.
„Загрижени сме за жал, што последниве денови во Македонија, исламофобијата често пати е комбинирана со владина пропаганда, како што е случајот со Вевчанскиот карневал, каде што Владата на Македонија секоја година за овој фестивал доделува 50 илјади евра од парите на сите граѓани, вклучувајќи ги и парите на муслиманите.Уште повеќе состојбата се усложнува со учество на високи владини функционери, како што е министерката за култура, пратениците од позицијата и опозицијата и претседателот на општина Вевчани“ се вели во писмената реакција на ИВЗ.
ИВЗ бара да биде поднесена кривична пријава против сите кои ги повредиле чувствата на муслиманите.
„Во спротивно ќе сметаме дека и државниот врв е поддржувач на ваквото организирано однесување“ велат од ИВЗ.
Според нив, државното раководство го премолчило и омаловажувањата на Албанците и Турците во Ниш и Белград, на Европското првенство во ракомет 2012 година.
„Културниот фанатизам било од која страна да доаѓа, а кој излегува надвор од споменатите норми на добронамерно однесување, придонесува за продлабочување на омразата меѓу граѓаните“ се вели во реакцијата.
Ги повикуваат своите верници да се однесуваат воздржано. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

