Забава
Здравјето на кожата најважно за добар изглед
Сите кои сакаат да го зачуваат младешкиот изглед пред се би требало да водат сметка за својата кожа. Со помош на храната можете да постигнете најдобри ефекти
Еве неколку видови храна кои ќе ви помогнат да изгледате како да сте во цветот на младоста и покрај тоа што годините веќе не ви се толку малку.МорковиТие содржат големи количества витамин А кој е одличен за рамнотежа на пХ вредноста на површината на кожата, а водено и дава сила да се одбрани од штетните бактерии. Луѓето кои во својот организам внесуваат каротеноиди имаат шест пати помали шанси во текот на животот да добијат рак на кожата.Боровинки, капини, јагодиСодржат високо ниво на антиоксиданси кои имаат многу добри и важни карактеристики. Алтернатива се граовт, сувите сливи и артичокот.Лосос, ореви, ленено семеОвие видови храна се главен извор на масни киселини, кои не само што ги блокираат штетните материи, туку и овозможуваат брзо исфрлање на загадувчите на организамот. Колку повеќе ги има во организамот, толку повеќе кожата ќе ја задржи влажноста, изгледајќи поздраво и позатегнато.МаслаВисококвалитетните масла прават да се чувствуваме подобро во својата кожа, бидејќи го решаваат проблемот со нејзината сувост. Сепак, треба да се има предвид калоричноста на овие производи, и да конзумирањето да се сведе на две лажички дневно.Пченично брашно, житарки, мисиркино месо, туна, бразилски оревиСите овие видови храна содржат селен кои се покажал како многу важен при одржувањето на здравјето на клетките. Кожата која е изложена на сонце, а притоа има доволно селен, ќе претрпи значително помалку оштетувања.Млеко и јогуртИмаат малку маснотии, а се одличен извор на витамин А, клучен за здравјето на кожата.Зелен чајКориста од овој пијалок е огромна, посебно ако се земе предвид дека тој служи за заштита на клеточните мембрани, делува против воспаленија, а го намалува ризикот од некои видови рак. Одличен е и за метаболизамот.Сончогледово семеСемето од ова растение соджри исклучителни количини на природен витамин Е. Го намалува процесот на стареење и изумирање на клетките на кожата, така што обезбедува младешки изглед. ВодаДобрата хидратација е најважна за убава кожа. Нема ништо подобро од чиста, бистра вода за пиење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.