Свет
Преглед на печат / Свет
„Њујорк Тајмс“ (САД)
„Бесни демонстрации во Висконсин во екот на кратењата“ е насловот на текстот, во кој весникот опишува како илјадници демонстранти упаднале во зградата каде што е канцеларијата на гувернерот на оваа сојузна држава, републиканецот Скот Волкер, кој е на таа функција шест недели. Демонстрантите се бесни поради планот на гувернерот да побара јавните службеници да плаќаат повеќе за нивното здравствено осигурување и за пензиите, со што им се намалувала заработувачката за седум проценти. „Гардијан“ (Велика Британија)
„Колин Пауел бара одговори зошто ЦИА го излажала за оружјата за масовно уништување“ е насловен текстот во кој пишува дека поранешниот американски Државен секретар зошто разузнавачите пропуштиле да го предупредат дека ирачкиот информатор признал дека ги фабрикувал информациите за оружјата за масовно уништување во Ирак. Откако весникот го откри името на информаторот, Пауел вината ја префрла кај службите што ја сокриле оваа информација. „Чајна дејли“ (Кина)
Општинските власти во Пекинг објавија пакет на правила со кои се ограничува купувањето на домови во престолнината, со цел да ги скротат побеснетите цени на имотот во градот. Пакетот следи по мерките на централната влада со кој се затега купувањето на имот, за да се „олади“ пазарот, пишува весникот во текстот со наслов “Пекинг ги затегнува рестрикциите за купување станови“. „Москва Тајмс “ (Русија)
По двојниот напад од женски бомбаши-самоубијци во московското метро во март минатата година, медиумските извештаи предупредуваат дека жените кои носат муслимански шамии може да се соочат со вербални или дури и физички напади, пишува весникот во текстот под наслов „Муслиманските шамии ја тестираат вербата, толеранцијата“. Предупредувањата се далеку од тоа да бидат неосновани,откако неколку инциденти поврзани со верска омраза се случија неколку часа по бомбашките напади. Во еден од нив, потсетува весникот, две жени со муслимански9 шамии биле исфрлени од воз во метрото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

