Свет
Бројката убиени во нападот во Карачи се зголеми на 30 лица

Според последните информации на агенциите, во нападот врз шиитската процесија околу пладне, убиени се најмалку 30 лица а 80 се ранети
Во процесијата во овој пристанишен град имало повеќе стотици шиитски муслимани и во моментот на нападот се движеле по главната улица на Карачи. „Потврдено е дека има најмалку 30 мртви и повеќе од 80 ранети“, изјавил Хасим Раза Заиди, покраински министер за здравство во јужната покраина Синд, чиј центар е Карачи.Како што пренесуваат репортерите на западните агенции, по нападот избувнале големи немири во кои се запалени повеќе од 400 објекти и стотина возила. Градоначалникот Мустафа Камал изјавил за Associated Press дека целта на нападот е да се предизвикаат нетрпеливости меѓу шиитите и сунитите и ги повикал двете муслимански заедница да се воздржат. Нападот беше извршен и покрај тоа што пакистанските власти во градот разместија околу 10 илјади полицајци и припадници на парамилитарните милиции кои требало да ја обезбедуваат поворката за време на верската процесија.Досега никој ја нема преземено одговорноста за крвавиот напад, но пакистанскиот министер за внатрешни работи Рахман Малик ги обвини исламистичките бунтовници.Бомбашот самоубиец се разнел втурнувајќи се во процесија на шиитските муслимани на затворањето на годинешниов верски празник Ашура.Овој напад уследи само ден откако во сличен напад во пакистанскиот дел од областа Кашмир беше извршен напад во кој загинаа најмалку осум аџии.Празникот Ашура во Ирак и Пакистан беше повод за повеќе напади врз шиитите. Тие со овој десетдневен празник чија кулминација беше во неделата, ја одбележуваат 680-годишнината од загинувањето на големиот имам Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Муслиманите сунити не го признаваат Хусеин за наследник на Мухамед, што е основата за расколот во исламот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хрват со два ножа нападнал полицајци во Германија, тие го застрелале

Германската полиција застрела и сериозно рани 25-годишен Хрват во Сасенберг откако наводно нападнал полицајци со два ножа, соопштија канцеларијата на јавниот обвинител и полицијата, објави Билд.
И покрај повторените предупредувања од полицијата и барањата да го спушти оружјето, напаѓачот одбил да го запре нападот. Потоа полицијата го застрелала сторителот во горниот дел од телото. Тој се здобил со сериозни, но не опасни по живот, повреди и бил однесен во болница.
Според истражителите, инцидентот бил расправија меѓу соседи, а инцидентот се случил во петокот околу 14:30 часот. Во еден момент, 25-годишниот маж наводно извадил два ножа, кои подоцна ги употребил за да им се закани на полицајците.
Хрватот, објавува германскиот весник, лесно повредил 39-годишен маж и уште еден сосед (50) со оружјето, пред да избега.
Кога службите за итни случаи го фатиле во близина кратко потоа, ситуацијата ескалирала.
Свет
Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу 700.000 руски војници.
Поголемиот дел од руските војници се концентрирани во регионот Донецк, што укажува на главниот приоритет на Кремљ, изјави претставникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов.
Тој истакна дека овој број не ги вклучува само редовните војници, туку и силите за поддршка, специјалните служби и Руската национална гарда.
Претставникот на ГУР нагласи дека севернокорејските војници кои учествуваат во украинскиот конфликт се борат само на руска територија.
Фактот дека Северна Кореја ги испратила своите војници да се борат против Украина стана познат минатата есен, а потоа се зборуваше за бројот на војници кои достигнале дури 12.000, објавуваа дел од украинските медиуми.
Оваа пролет, јужнокорејските разузнавачки служби објавија дека нова група од 3.000 војници ја напуштила Северна Кореја и отишла во Русија.
Според британските разузнавачки служби, од март оваа година, севернокорејските трупи претрпеле повеќе од 5.000 жртви во битките против украинските вооружени сили во Курската област на Руската Федерација.
Свет
(Видео) Зграда срамнета со земја за дел од секундата во Газа, израелски ракети ја погодија без грешка

Во југозападниот дел на Газа денеска се урна повеќекатна станбена зграда од околу 15 ката по масовно израелско бомбардирање. Според локални медиуми, цел на нападот била зградата „Суси“, која се наоѓа веднаш до комплексот „Руја“.
Израелската армија претходно упати предупредување до жителите да ја напуштат областа, наведувајќи дека објектот бил користен од Хамас за свои активности. Неколку минути подоцна, серија експлозии целосно ја срамнија зградата со земја, оставајќи зад себе густ облак прашина и урнатини.
ממשיכים pic.twitter.com/q4lwpHiUVx
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) September 6, 2025
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа моментот на уривање, кој предизвика паника кај околните жители. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го сподели видеото од нападот со кратката порака „Продолжуваме“. Вчера, по уништувањето на друг станбен блок, Кац напиша „Започнавме“, што медиумите го толкуваат како сигнал за нова, поинтензивна етапа на операцијата во Газа.
View this post on Instagram