Македонија
Рикер: Прашањето е за името, и затоа е спор за името

Прашањето е за името и затоа се вика спор за името, изјави денеска во Скопје американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер
Прашањето е за името и затоа се вика спор за името, изјави денеска во Скопје американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер.
Тој, како што јавија електронските гласила, ја појасни неодамнешната изјава на заменикот-помошник државен секретар за Европа и Азија Стјуарт Џонс.
“Прашањето е за името и затоа се вика спор за името. Македонија и Грција треба да работат за да го разрешат тоа“, рече Рикер.
Според него, САД ќе направат сè што можат за да помогнат во тоа преку процесот што се одвива во ООН под амбасадорот Нимиц, кој е многу активен.
“Чувме и од новиот претседател Иванов во неговиот инаугуративен говор дека има намера да работи во таа насока“, додаде амбасадорот на САД во Македонија.
Рикер посочи дека станува збор за “билатерален спор меѓу Грција и Македонија“, и оти САД ги охрабруваат двете страни напорно да работат за да најдат решение.
“Решение со кое Македонија ќе ја исполни својата желба за влез во НАТО и ќе и помогне во апсирацијата за влез во ЕУ“, посочи американскиот амбасадор Филип Рикер./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)