Економија
Основачот на „Зара“ се повлекува од водечката функција
Амансио Ортега, човекот кој ја создаде една од најголемите текстилни компании во светот, Индитекс и е сопственик на популарниот бренд „Зара“, денеска ја препушта функцијата на врвот на компанијата на својот заменик Пабло Исли.
Амансио Ортега, човекот кој ја создаде една од најголемите текстилни компании во светот, Индитекс и е сопственик на популарниот бренд „Зара“, денеска ја препушта функцијата на врвот на компанијата на својот заменик Пабло Исли. Ортега е најбогатиот Шпанец, а е на седмото место на листата на најбогати луѓе на светот. Неговото богатство се проценува на 31 милијарди долари. Неговиот татко бил железничар и Ортего растел во сиромаштија. На 13 годишна возраст го напушта училиштето за да работи во бутик во Ла Коруња. Само четири години подоцна започнува свој бизнис. Првиот бутик !Зара“, Ортего го отворил во 1975 година, до 1988 година бизнисот веќе го проширил во Португалија, потоа во САД, Европа, а потоа и цел свет. Но, и покрај неговиот голем успех, во медиумите за него малку се пишувало. Шпанските медиуми никогаш не успеале да „ископаат“ што и да е за него. Познато е дека се женел двапати и дека има три деца. Тој не дал никогаш интервју, а со години никој не знаел како тој изгледа. Ортего првпат се согласил да позира за официјална фотографија кога во 2001 година неговата компанија официјално се појавила на берзата. „На улица сакам да ме препознава само моето семејство, пријателите и луѓето со кои соработувам“, и изјавил на новинарката Ковадонга О’Ши, на која и’ дозволил да ја напише неговата биографија. Денеска неговата компанија Индитекс е најголем моден трговски синџир во светот. Покрај „Зара“, во рамките на оваа компанија се и познатите брендови „Бершка“ и Масимо Дути“.Индитекс има шест илјади претставништва и продавници во 78 земји и вработува околу 100 илјади луѓе. Ортега денеска го препушта своето место на главен во компанијата на досегашниот извршен директор Пабло Исли. Сепак, милијардерот кој со своите вработени руча во мензата, нема да оди во пензија. Тој ќе остане еден од главните акционери во компанијата Индитекс. /са-х/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

