Свет
Републиканците го обвинуваат Обама за влошување на економската ситуација
Гувернерот на американската сојузна држава Индијана, Мич Даниелс во одговорот на републиканците на говорот на претседателот Барак Обама за состојбата на нацијата, признава дека Обама не е одговорен за економската криза но го обвини дека кризата не ја решил
Гувернерот на американската сојузна држава Индијана, Мич Даниелс во одговорот на републиканците на говорот на претседателот Барак Обама за состојбата на нацијата, признава дека Обама не е одговорен за економската криза но го обвини дека кризата не ја решил, туку ја влошил, како и дека радикално го зголемил американскиот долг. „Претседателот не е причина за економската и фискалната криза која и натаму продолжува во Америка. Но тој е избран врз ветувањата дека тоа ќе го исправи, а не може да тврди дека во последните три години направил барем нешто.. освен што ја влоши кризата. Процентот вработени Американци е најнизок за повеќе децении. Еден од пет мажи во примарната работна доба, а речиси половина од сите лица помлади од 30 години, денес не работат“, рече гувернерот Даниелс.Според него, претседателот Обама забавил со мерките а не го забрзал стопанското заздравување, и довел до „незабележана досега експанзија на потрошувачката“, со којашто на и онака неодржливиот национален долг му додал илјади милијарди долари. Данилес, притоа, оцени дека најавата на Обама за мерките што ќе ги преземе во 2012 година, ветуваат натамошно радикално влошување на ситуацијата, и предупреди дека годинава е можеби последната вистинска можност да се обнови Америка на андежите, напредокот и поголема еднаквост. Гувернерот Даниелс порано работеше како директор на бирото за буџет во Белата куќа во времето на администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, а за гувернер на Индијана беше прават избран во 2004-та и повторно избран во 2008 година. Тој е популарен во редовите на Републиканската партија, ја разгледуваше можноста за претседателска номинација во 2012 година, но се откажа од тоа./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

