Економија
Dun & Bradstreet: Грчката криза може да го закочи проширувањето на ЕУ
Рејтингот на Македонија се задржа на BD4b, што значи умерен ризик и во последната објава на Dun & Bradstreet (Д&Б) за месец јули, во која се наведува и дека грчката криза може да го закочи процесот на проширување на Европската унија.
Рејтингот на Македонија се задржа на BD4b, што значи умерен ризик и во последната објава на Dun & Bradstreet (Д&Б) за месец јули, во која се наведува и дека грчката криза може да го закочи процесот на проширување на Европската унија. Во последната објава на Дун и Брадстрит, доставена до Макфакс, од словенечката бонитетна куќа И, се наведува дека иако економскиот изглед на Македонија се подобрува и се очекува 1,0 процент реален раст на БДП, постојат ризици за економијата. Сепак, ние во Д&Б гледаме на два главни ризици за економијата; 1) обновување на глобална или регионална криза што ќе предизвикува ослабување на побарувачката и 2) постојан пораст на ниcко ризичните инвестиции што води кон заострување на надворешно финансиските услови, се наведува во соопштението, додавајќи дека грчката криза е битна и за двaтa ризика, земајќи ја во предвид значајната трговија меѓу двете земји и големиот дефицит на Македонија на тековната сметка. Грчката криза, исто така, генерира негативни импликации за владите кои сакаат да ги исполнат своите потреби за финансирање од приватни извори, смета Д&Б. Македонија, како и голем број други земји во регионот, веројатно ќе го одложи планираното издавање на евро-обврзница, која веројатно ќе изнесуваше околу 175 -250 мил. евра. Во овој поглед, важно е да се напомене дека потребите на Македонија за јавно финансирање не се ниту многу итни, нити многу потребни, со релативно скромниот буџетскиот дефицит од 2,7% од БДП во 2009 година и со јавен долг од помалку од една третина од БДП. Друга непосредна насока преку која грчката криза може да влијае на Македонија е можно слабеење на поддршката за проширувањето на ЕУ меѓу земјите членки на унијата. Ова може да биде загрижувачко, ако се зема во предвид дека со кандидатски статус од 2005 година, членството во ЕУ во Македонија се гледа како важна котва за политичката стабилност и економските реформи во иднина, се наведува во последната објава на најголемата и најстарата бонитетна куќа на светот Dun & Bradstreet (Д&Б) за месец јули. /крај/и/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

