Свет
Радиоактивен плутониум истекува од електраната Фукушима
Плутониум истекува од оштетената нуклеарна централа Фукушима 1 и е откриен во нејзината околина, соопштија утрово јапонските власти.
Плутониум истекува од оштетената нуклеарна централа Фукушима 1 и е откриен во нејзината околина, соопштија утрово јапонските власти.
Плутониумот е откриен во мали количини на неколку точки во непосредна близина на Фукушима 1 и ова е прв пат овој исклучиво опасен радиоактивен елемент да се појавува меѓу истечените материјали по катастрофалното цунами кое тешко ја оштети централата.
Ваквиот развој на случувањата дополнително ги комплицира напорите прегреаните реактори да се оладат и стабилизираат.
Јапонските власти тврдат дека истечената количина на плутониум не претставува ризик по човечкото здравје но им се придружува на сомневањата дека опасно радиоактивна вода истекува од оштетените нуклеарни горива.
„Ситуацијата е доста сериозна. Даваме се од себе за да се избориме со штетата“ рече денеска портпаролот на јапонската влада Јукуи Едано.
Од пет примероци кои се земени од околината на Фукушима 1, а кои содржат плутониум, за два се чини дека се контаминирани од истекувањето на реакторот, соопшти компанијата Токио електрик, која управува со централата.
Кај преостанатите три примероци веројатно се работи за плутониум кој се раширил по многу места на светот во времето кога беа дозволени надземни проби на нуклеарно оружје, се додава во соопштението.
Плутониумот е тежок елемент кој не се соединува така лесно со други хемиски елементи, па е малку веројатно да се рашири лесно, како што е тоа случај со радиоактивните облици на цезиум и јод.
Но, плутониумот има доста долг период на распаѓање, и по неколку стотина години, а кога ќе се вдиши, останува во телото засекогаш и може да ја оштети човечката ДНК и да предизвика канцерогени мутации на клетките.
Фукушима 1 се наоѓа на 220 километри североисточно од Токио и се верува дека по 11-ти март, кога со цунамито се наруши системот на ладење во три од вкупно шест реактори.Радијацијата од централата продре во земјата и најдена е во растенијата, суровото млеко, па дури и во водата за пиење во Токио.
Населението кое живее во кругот од 20 километри околу Фукушима 1 е наложено му е наложено или да се отсели или да остане во куќите./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена
Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили Абдолрахим Мусави е убиен во напади врз Иран.
Тој беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти за кои се тврди дека биле цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел.
Мусави беше тој што пред пет дена им се закани на САД во име на иранските власти, што е најтешката закана дотогаш.
„Ако овој пат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, рече Мусави.
Фото: depositphotos
Свет
Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција
Израелската војска соопшти дека почнала широк бран напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, во рамки на операцијата наречена „Рик на лавот“.
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се „отвори патот кон Техеран“.
Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираат дека во последните 24 часа израелски борбени авиони фрлиле повеќе од 1.200 парчиња муниција врз Иран. Според ИДФ, биле погодени стотици ирански воени цели, вклучувајќи лансери на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, трет круг сирени за тревога поради проектили се огласил на северот на Израел. Силни детонации биле слушнати и во подрачјето на Ерусалим, но засега нема информации за повредени или материјална штета.
Нови сирени се огласиле во регионот на Ерусалим, како и низ Тел Авив и други градови во централниот дел на земјата, по предупредувања за дојдовен ракетен напад од Иран.
Свет
Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток
Во услови на континуирана размена на ракетни напади на Блискиот Исток, Иран соопшти дека гаѓал во 27 американски воени локации во регионот. Иранската револуционерна гарда наведе дека цел биле и израелската воздухопловна база Тел Ноф, воено седиште и голем одбранбен комплекс во Тел Авив.
Според ИРГЦ, станува збор за шести „бран“ одмазднички напади во кои биле користени ракети и дронови. Гарда порача дека ќе продолжи со воените дејствија, но овие тврдења не се независно потврдени.
„Вооружените сили на Исламската Република Иран нема да дозволат да замолкнат сирените за воздушна опасност на окупираните територии и во американските бази. Ќе продолжиме со повторени и болни удари, што претставува нов и многу тежок чекор на одмазда“, се наведува во соопштението што го пренесуваат државните медиуми ИРИБ.
Фото: depositphotos

