Свет
Агата проголта куќа сред град
Тропската бура Агата усмрти досега 146 лица а во Гватемала Сити сред град пропадна семејна куќа
Покрај 146-те жртви, има и околу илјада ранети лица, а многу куќи се урнати, пренесува AFP. Агата инаку е првата бура во сезоната урагани која мина низ Гватемала, Хондурас и Славадор минaтиот викенд.Најлошо мина Гватемала каде настрадаа 120 луѓе, а 53 се водат како исчезнати. Вкупно беа евакуирани 112 илјади лица. Повеќето од раселените лица се сиромашни кои живеат во трошни куќички. Агата тргна од Тихиот Океан минатиот викенд откако метеоролозите на Американската океанска и атмосферска агенција предвидоа дека сезоната на ураганите годинава ќе трае од 1 јуни до 1 ноември и дека може да биде една од најопасните досега забележани. Во соседниот Хондурас, агенцијата за вонредни состојби објави податок според кој има регистрирано 17 загинати и повеќе од три илјади евакуирани. Во Салвадор има официјално девет мртви и две исчазнати лица.Огромната дупка која ја проголтала семејната куќа на три ката во престолнината на Гватемала настанала во самиот центар на градот Гватемала Сити како последица на силната бура Агата.Како што пренесува AFP, иако нема се уште официјална потврда, очевидци изјавиле дека во пропаѓањето на оваа куќа загинало едно лице, и тоа од обезбедувањето на трокатницата. Како што изјавиле соседите, црната површина која дава впечаток на призор од пеколот, е всушност систем за одвод на дождовните води кој попуштил поради запуштеност при одржувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Романија од Нова година затвора 30 контролни пунктови поради пристапувањето во Шенген
Романското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека во врска со целосното влегување на земјата во Шенген зоната, од почетокот на следната година ќе престанат да работат 30 гранични премини со другите земји-членки на ЕУ.
Како што објави романскиот портал Диги24, Министерството објави дека од 1 јануари 2025 година земјата ќе ги затвори копнените премини на границата со Унгарија и Бугарија.
Како што е најавено, проверките по случаен избор на документи на границите ќе продолжат да бидат можни.
Свет
(Видео) Објавена снимка од авионот непосредно пред падот, се слушаат молитвите на патниците
Триесет и осум лица загинаа денеска кога азербејџански патнички авион се урна во близина на Актау, Казахстан, изјави казахстанскиот вицепремиер Канат Алдабергенули Бозимбаев.
Бозимбаев зборуваше во интервју за казахстанската новинска агенција Тенгрињуз за време на состанокот со истражителите на местото на несреќата.
Тој рече дека преживеале 29 патници од авионот на Азербејџан ерлајнс, од кои некои се тешко повредени.
Видеата покажаа како авионот од Азербејџан се урнал од мала височина покрај брегот на Каспиското Езеро, не успевајќи да стигне до блискиот аеродром Актау.
One of the passengers on Azerbaijan Airlines Flight 8243 sent a video to his wife just minutes before the crash.
In the video, passengers are heard praying and some oxygen masks are already down. pic.twitter.com/dGqnyXSPGU
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024
Tengrinews објави видео од кабината каде што се гледа како горат маските за кислород, се слуша викање на патници и човек кој неколку пати извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е најголем).
Свет
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини НАТО дека се обидува да ја претвори Молдавија во логистички центар за снабдување на украинската армија и дека се обидува да ја приближи својата воена инфраструктура до Русија.
Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на брифинг со новинарите изјави дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да влезе во Алијансата, пренесува РИА.
Зборувајќи за ситуацијата во Придњестровје, Захарова укажа на тврдењата на руските разузнавачки служби, според кои претседателката на Молдавија, Маја Санду, се подготвува за војна.