Македонија
„Појадок на мост“ по втор пат во Скопје

Околу 2.000 граѓани утрово појадуваа на Камениот Мост во рамки на манифестацијата „Појадок на мост“ што се одржува по втор пат.
Околу 2.000 граѓани утрово појадуваа на Камениот Мост во рамки на манифестацијата „Појадок на мост“ што се одржува по втор пат.
Меѓу оние што им правеа друштво на граѓаните беше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Ми претставува задоволство што гледам дека оваа манифестација што Градот Скопје ја организира по вторпат, со цел да го збогати културно-забавниот живот во градот, прифатена е од граѓаните, и годинава Ве има во поголем број. Овој заеднички појадок, на симболот на градот Скопје, Камениот мост, е доказ за сплотеноста на македонскиот народ со сите националности коишто живеат на овие простори“, истакна градоначалникот Коце Трајановски.
Градот Скопје со организирањето на оваа Манифестација, којашто се одржува во чест на Мала Богородица, заштитничката на Градот Скопје, сака да им овозможи на своите граѓани да појадуваат заедно и да се дружат.
Присутните, 2000 гости, и годинава ги послужуваа учениците на средното угостителско училиште „Лазар Танев“.
Манифестацијата „Појадок на мост“ беше поддржана од голем број донатори: ресторани, пекари, супермаркети, како и производители и увозници на храна и на пијалаци коишто донираа свои производи специјално за овој настан.
Настанот беше збогатен и со настапи на поголем број улични музичари. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини без гужви

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Од петок се очекува постепен пораст на температурата.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош.
Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 28.07.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 49 ( општина Аеродром ) како и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци. ( општина Петровец )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците во село Мршевци, објектите на фирмите Фреш Фарм, Солар Ентра, Мијак, Си Мао и Солант, како и корисниците од селата Бунарџик и Ајватовци. ( општина Илинден )
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Нерешка. ( општина Карпош )