Македонија
Развојот на политичките и економски односи остануваат приоритетни за Македонија и Кина

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, во вторникот разговараше со амбасадорот на Кина во Македонија, Вен Џеншун, при што беа разменети мислења и информации за прогресот на изградбата на двата автопата – „Гоце Делчев” од Скопје до Штип и „Мајка Тереза” од Кичево до Охрид.
И двете страни изразија недвосмислена поддршка за реализација на овие два најзначајни инфраструктурни проекти во Македонија. Особено потенцираа дека во текот на градежната сезона максимално ќе се засилат градежните активности на двата автопата.
На средбата, исто така, беа разменети и информации за набавката на новите патнички возови кои се очекуваат да пристигнат уште годинава.
Мисајловски ја изрази својата благодарност за поддршката којашто кинеската влада ѝ ја дава на македонската, во поглед кон зацврстување на билатералните односи со фокус на економските односи кои се од стратешки интерес за прогресот на македонската економиија.
Мисајловски ги потенцираше добрите политички односи, коишто, како рече, се „силна гаранција за економската и трговска соработка“ и истакна дека Кина има важна улога во развојот на регионот, особено во делот на патната и железничката инфраструктурата, енергетиката итн.
Мисајловски потенцираше дека Македонија е активен поддржувач на економските политики што ги спроведува Кина, а доказ за тоа, според него, е присуството на кинеските компании што работат во Македонија. Притоа, Мисајловски истакна дека сите компании се добредојдени да инвестираат во Македонија и изрази уверување дека силната поддршка на Владата за странските инвеститори и натаму останува на истиот курс.
„Нашата цел е во иднина да продолжиме со промоција и јакнење на политичките и економските односи и на можностите за зголемување на трговската соработка меѓу двете земји“, истакна Мисајловски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Горан Ѓорѓиевски избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски.
„Ова е специфичен момент затоа што треба многу да се направи за брендот Сојуз на стопански комори повторно да го добие реномето од пред десетина, петнаесет години. Влегуваме во нови времиња во кои ќе придонесеме за посилно деловно застапување, дигитална трансформација, раст на продуктивноста и транспарентноста на домашните компании“, изјави новоизбраниот претседател Ѓорѓиевски.
Во својата програма тој најави неколку приоритети: унапредување на деловната клима преку континуиран дијалог со институциите, поддршка на малите и средните претпријатија, поттикнување на иновациите и дигитализацијата, јакнење на регионалната и меѓународната соработка, како и инвестирање во образование и човечки капитал.
Економија
Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени се речиси 400 работни места во приватниот сектор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места.
За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, досега се отворени речиси 400 нови работни места во приватниот сектор.
„Досега 228 компании инвестираа во зелени решенија – фотонапонски панели, енергетска ефикасност и модерна опрема. Компаниите вложија над 200 милиони денари сопствени средства, што е повеќе од државната поддршка. Тоа покажува дека политиката на Владата не е само субвенција, туку катализатор за приватен капитал и за зелена економија,“ рече министерот Дурмиши.
Економија
УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.
Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.
По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.
„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.
Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.