Македонија
Премиерот Груевски во поплавениот регион во тетовско
Премиерот на Република Македонија денеска го посети тетовскиот регион поточно селото Раотице.
Премиерот на Република Македонија денеска го посети тетовскиот регион поточно селото Раотице.
„Очигледно е дека овој дел на Вардар е критичен. Треба да се најде трајно решение за да се надминат ваквите проблеми“, рече Груевски денеска при посетата на селото Раотице.
Посетата на Груевски , заедно со министерот за земјоделие и директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) , Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дојде по излевањето на реката Вардар од своето корито во изминатите два дена.
Денеска состојбата е стабилизирана, водата е повлечена. Но, остануваат проблемите во семејствата чии куќи и помошни објекти се најдоа под вода.
Се работи за триесетина објекти и околу 200 хектари обработливо и засеано земјиште.
Околу реализацијата на проектот за регулирање на речното корито, кој веќе е изработен и чека за финансиска поддршка, Груевски со став: Владата ќе го разгледа Проектот и ако се утврди дека тоа е трајно решение , ќе го финансираме“.
За утре беше најавено излегување на терен на комисијата за проценка на штети./крај/сс/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

