Македонија
Први гласаат 2,500 раселени и затвореници
Правото на глас на претседателските и локалните избори закажани за 22 март, ден пред другите, ќе можат да го остварат вкупно 2,500 раселени лица и за
Правото на глас на претседателските и локалните избори закажани за 22 март, ден пред другите, ќе можат да го остварат вкупно 2,500 раселени лица и затвореници.
На 21 март можат да гласаат 529 раселени лица и 1,971 лица кои се на издржување мерка притвор или затворски казни, изјави денеска за Макфакс, портпаролот на Државната изборна комисија Зоран Таневски.
Од раселените, 310 лица ќе имаат право на глас во Скопје, на избирачкото место во интернатот „Здравко Цветковски“, а 219 лица во Куманово, во хотелот „Кристал“.
Ден пред другите правото на глас ќе можат да го остварат и болните и онемоштените лица, доколку навреме се пријавиле во општинските изборни комисии.
Избирачките места ќе бидат отворени од 07,00 до 19,00 часот. Нивните гласови ќе се бројат на 22 март, во општините од каде што потекнуваат./крај/дик/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

