Економија
Индустриските производи поскапеле 8,3 отсто за една година

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемиле за 8,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемиле за 8,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.Во декември 2011, во споредба со декември 2010, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 15,8 отсто, во групата Трајни производи широка потрошувачка за 5,9 отсто, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 3,6 отсто и во групата Капитални производи за 0,5 отсто.Цените на производителите на индустриски производи во декември во споредба со претходниот месец се зголемиле во просек за 0,4 отсто, а најголемо зголемување од 1,3 отсто на месечно ниво има во групата Енергија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Реализирана исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од Програмата за директни плаќања

Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.
– мерка 2 – Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.
Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.
Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.
Економија
Божиновска на економскиот комитет во Прага: Македонија ги зајакнува врските со Чешка

Во Прага се одржа Заедничкиот состанок за економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка, на која се договорени чекори за продлабочување на билатералната соработка во повеќе сектори.
Македонската делегација беше предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која активно се залага за зајакнување на економските врски со Чешка и иницира конкретни чекори за привлекување инвестиции и проширување на деловната соработка меѓу двете земји. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, како и дел од делегацијата претставници од повеќе ресорни министерства, паралелно одржаа работни средби со своите чешки колеги. Разговарано беше за соработка во енергетиката, транспортот, внатрешните и надворешните работи, културата, заштитата на животната средина, земјоделството и други сектори од заемен интерес.
Министерката Божиновска, во своето обраќање пред делегациите, ја потенцираше подготвеноста на Македонија да ги поддржи чешките инвеститори во реализацијата на нивните деловни планови и да обезбеди стабилна и предвидлива деловна средина со поволни услови за инвестирање.
„Македонија е отворена за стратешки партнерства со чешките компании, особено во енергетиката, инфраструктурата и индустриското производство.
Македонија ја гледа Чешка како стратешки партнер во енергетиката и индустријата. Нашата земја нуди стабилен инвестициски амбиент и јасни регулативи за заштита на бизнисите. Воедно, ги интензивираме реформите во енергетскиот сектор за да обезбедиме модерна, одржлива и конкурентна економија,” изјави Божиновска.
„Преку вакви директни средби со чешките институции и компании, отвораме нови можности за инвестиции и партнерства. Сигурен сум дека оваа соработка ќе резултира со конкретни проекти.Македонија и Чешка имаат долга традиција на соработка, а воспоставувањето директна авионска линија ќе ја олесни економската и туристичката размена меѓу двете земји. Очекуваме оваа иницијатива наскоро да стане реалност,” изјави вицепремиерот Николовски.
Освен официјалните средби, претставници од различни министерства и институции остварија теренски посети, секој во рамките на својот домен. Дел од македонската делегација беа и претставници од Електростопанство на Македонија, Охридско лето и Министерството за култура, кои дискутираа за можности за продлабочување на соработката во областа на енергетиката, културната размена и инфраструктурните проекти.
Во рамки на посетата Божиновска оствари и посебна средба со заменикот министер за индустрија и трговија, Јан Кавалирек, на која се разговараше за конкретни можности за размена на искуства и помош во експертиза.
Официјалната посета на Чешка се заокружи со потпишување на протокол од третата сесија на заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешка, кој има за цел да иницира конкретни проекти, продлабочување на трговската соработка и реализација на заеднички иницијативи.
Економија
Николоски: Работиме на зајакнување на соработката со Чешка во економијата и инвестициите

Зајакнување на економската соработка, нови инвестиции и подобро поврзување меѓу Македонија и Чешка е пораката која вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја упати на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, што се одржува во Прага.
Тој истакна дека политичките односи меѓу двете држави се на добро ниво, но постојат можности на зголемување на економската и трговска соработка во сегменти на транспортот и инфраструктурата, енергетиката, земјоделието, турзимот и културата и други сектори.
“Денеска имаме еден вид на меѓувладина седница меѓу претставници на двете влади, на Владата на Македонија и Владата на Чешка, со присуство на повеќе сектори и повеќе министерства. Разговараме за економската и политичка соработка меѓу двете држави, добро е што има еден ваков Совет на високо ниво, кој разговара за економската соработка и се надевам дека ќе продолжиме и на средбите што ќе ги имаме во Скопје во текот на следните месеци. Секако, приоритет број еден е економската соработка, ги претставуваме можностите на Македонија во однос на директни странски инвестиции и можноста компании од Чешка да инвестираат во Македонија.
Исто така разговаравме за подобрување на поврзувањето на двете држави во однос на отворање на авионски линии, тука е секако изградбата на инфраструктурата, разговараме за можности чешки комании да се вклучат во инфраструктурните проекти во Македонија и македонски компании да дојдат тука во Чешка да работат.
Тука е соработката и во енергетиката која што е нов предизвик не само за нас тука за цела Европа и се надевам дека оваа добра политичка соработка која што постои меѓу двете држави ќе биде надрградена со една соодветна економска соработка.
Она што е особено значајно е што Чешка става на располагање еден голем фонд кој што е преку нивната државна инвестициска банка која што може да помогне разни компании кои би инвестирале во делот на нивни инвестиции во Македонија или во дел на нивна економска активност, така што се на се сметам дека посетата е успешна. Продолжуваме и во текот на денешниот ден, тука се претставници од многу министерства од Македонија и се надевам дека ќе имаме успешна и плодна работа денеска”- изјави вицепремиерот Николоски.
Во рамки на работната посета на Прага, Николоски оствари средбa и со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република.
На средбата се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република во инфраструктурта и транспортот. Вицепремиерот уште еднаш ги потврди приоритетите на Владата за развој на авиосообраќајот и подготвеноста за поврзување на Скопје и Прага преку авиолинија како и можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид-Карлови Вати.