Контакт

Економија

Економските потенцијали на Македонија презентирани пред финските компании

Објавено пред

Владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски, во среда во Хелсинки на бизнис форум ги претстави економските и инвестициските потенцијали на земјата пред претставници на 40 фински компании.

dobivaj vesti na viber

Бизнис форумот беше во организација на Финската асоцијација за надворешна трговија ФИНПРО и на почетокот во нејзино име се обрати Мати Расимус, а поздравно обраќање имаше и државниот секретар во финското Министерство за економија, Јоуни Хакала кој истакна дека одржувањето на денешниот форум е одлична можност за финските компании да се запознаат со инвестициските можности на Република Македонија. Тој истакна дека без оглед на моменталните состојби со кризата во еврозоната, компаниите постојано треба да работат на својот долгорочен раст и постојано да бараат можности за нови инвестиции.

Премиерот Груевски на почетокот го истакна своето задоволство од одржувањето на бизнис форумот со претставниците на финската индустрија и трговија, токму во Хелсинки, престолнината на четвртата најконкурентна економија во светот и главниот град на Светскиот дизајн за 2012 година.

„Република Финска е меѓу најбрзорастечките економии во групата на ОЕЦД, со силно развиен услужен сектор кој создава речиси 70% од бруто домашниот производ и со релативно рамномерна распределба на доходот. Вашата земја е исто така еден од ретките примери на спектакуларен развој на економијата базирана на знаења, примери на успешна трансформација на инвестициите во истражување и развој во силни, извозно-ориентирани високо-технолошки сектори. Тоа се импресивни резултати за кои граѓаните на Република Финска заслужуваат голема почит“, истакна премиерот.

Тој посочи дека дел од успехот на финскиот економски модел се должи и на трговската либерализација и симнувањето на ограничувањата на тековите на меѓународниот капитал, што претставува и дел од стратегијата која подолг период ја спроведува и Република Македонија. – Преку потпишување на договори за слободна трговија со Европската унија, земјите-членки на ЕФТА, ЦЕФТА, билатерални договори со Турција и Украина, успеавме да го надминеме проблемот на малиот пазар и сега оние кои инвестираат во Република Македонија практично имаат пристап до пазар со над 660 милиони потрошувачи, подвлече премиерот Груевски.

Премиерот Груевски во своето обраќање се осврна на реформите во деловната клима кои што придонесоа Република Македонија да го привлече вниманието на светската инвеститорска заедница со нејзиното вбројување меѓу првите три позиции на најреформски ориентирани земји, според угледниот „Doing Business“ извештај на Светската банка за 2012 година.

„И покрај анемичниот економски растеж на европскиот континент и генералниот пад на странските инвестиции, во последниве две години им посакавме добредојде на инвестициите на американските корпорации „Џонсон Контролс“ и „Кемет електроникс“, на британската „Џонсон Мети“, германските компании „Кромберт и Шуберт“ и „Дрекселмејер“, руската “Протек“, како и повеќе други“, истакна македонскиот премиер.

Тој посочи дека овие успеси не се случајни, туку плод на длабоките и суштински реформи кои ги спроведе Владата на Република Македонија во изминатите шест години.- Македонската економија во континуитет се одликува со нагласена макроекономска стабилност и просечна стапка на инфлација од 2,1% во изминатите петнаесет години. Владата на Република Македонија веќе подолг период води среднорочна политика на низок буџетски дефицит од 2,5% од бруто домашниот производ, што резултираше во низок владин долг од 26%, а Република Македонија помина без поголеми последици од светската економска криза и беше меѓу првите земји кои минатата година ги вратија позитивните стапки на економски растеж забележувајќи реален пораст на БДП од 3%, истакна премиерот Груевски.

Во својот говор премиерот се осврна и на останатите предности кои што ги нуди Република Македонија, како што се атрактивниот даночен пакет, намалениот административен и регулаторен товар за водење бизнис, едношалтерски систем во царината и даночната администрација, а воедно беа елаборирани и поволностите кои што се нудат за странски инвеститори кои ќе инвестираат во технолошко- индустриските развојни зони.

Премиерот Груевски истакна дека врвен приоритет на Република Македонија, на политички и на економски план, е визијата за заедничка сегашност и иднина во големото евроатланско семејство, што ќе се постигне преку довршување на процесот на зачленување во НАТО и ЕУ, цели за кои постои широк национален консензус во Република Македонија.

„Почитуваниот фински политичар, Хари Холкери, своевремено говореше дека: „дискусијата е само алатка. Мора да настојуваме да оствариме некоја цел, а финалната цел е одлуката“. Ве поканувам да ја посетите мојата земја и да се уверите во нејзините потенцијали. Владата на Република Македонија е подготвена да Ви обезбеди максимална поддршка и да ја олесни Вашата соработка со македонските компании, истакна на крајот од своето обраќање премиерот Груевски.

Презентација на форумот имаше и вицепремиерот Пешевски кој детално ги запозна финските инвеститори со владините економски политики и со повеќе можности што ги нуди македонската економија, а пред присутните свои обраќања имаа и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Христијан Делев.

Претходно премиерот Груевски во Хелсинки имаше средба со претседателот на Република Финска, Саули Ниинисто, потоа средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи во финскиот Парламент Тимо Соини, а претходниот ден присуствуваше на вечера што во чест на македонската делегација ја приреди амбасадорот на Канада во Република Финска, Кристофер Шапраданов, кој по потекло е Македонец и на која присуствуваа претставници на неколку големи фински компании. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од полноќ повисока цената на бензинот и дизелот

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%

Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

Прикажи повеќе...

Економија

Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци

Објавено пред

Во периодот април – јуни годинава се запишани 2.876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава.

dobivaj vesti na viber

Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот  низ државава 1 354 со вредност од 262.010.698 евра и 3.320.202.538.

Хипотеките во вториот квартал се за 280 повеќе во однос на тие во првиот квартал 2025-та  кога биле впишани 2.596 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари.

Статистиката на АКН покажува зголемување на бројот на хипотеки во изминатите неколку години. Минатата година, во периодот јануари – декември се запишани 8.748  товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.719.022.360 евра и 15.161.817.874 денари, а во 2023 година  7.844 со вредност од 1.572.943.764 евра, 11.585.447.070 денари, 77.983.115 швајцарски франкови и 108.772 американски долари.  Во 2022 година, пак, се регистрирани 7.658  товари врз недвижностите во вредност од 1.549.977.309 евра, 9.452.669.859 денари и 20.000 американски долари, а во 2021 8.386 и со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра и 15.824.963.591 денар.

Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава се внесени 6.135 купопродажби на недвижности (збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија), за 580 повеќе во однос на претходниот квартал, кога биле регистрирани 5.388.

Според последните податоци на Народната банка, во септември годинава, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9 проценти и 1,6 проценти, соодветно, при годишен раст од 10,2 проценти и 16,1 процент соодветно.

Прикажи повеќе...

Економија

Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ

Објавено пред

Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.

Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:

„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“

Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.

Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.

Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија2 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија6 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија9 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ10 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија10 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија10 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија11 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија12 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет15 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет15 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа16 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет16 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа16 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа16 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ1 ден

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија1 ден

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија1 ден

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...