Свет
Монтгомери за залага за нови граници на Балканот
Инсистирањето на тоа БиХ и Косово да стана мултиетничка општества се покажа како невозможна мисија, вели во интервјуто за неделното издание на белградски Блиц, поранешниот амбасадор на САД во Србија, Вилијам Монтгомери
Амбасадорот Вилијам Монтгомери вели дека целосните финансиски и персонални ресурси на меѓународната заедница веќе 15 години се применуваат во Босна, а десет на Косово, а воопшто не дојдено до приближување на целта од нив да се изградат мултиетнички држави.„Голем број бегалци воопшто не се вратени, интеракцијата меѓу етничките заедници е мала, двете заедници се дисфункционални и затоа создаваат нестабилност не само во рамките на соите граници, туку и во регионот. Затоа поделбата на Ксоово и референдум за независност на Република Српска е единственото решение“, смета Монтгомери.Поранешниот американски амбасадор во Белград смета дека Западот и натаму ќе инсистира на својата актуелна политика кон овие прашања. Монтгомери вели дека тоа може да се измени со вистински дијалог, што тој настојува да го придвижи. Како противници на неговата идеја, тој ги препознава Ричард Холбрук, потпретседателот на САД, Џозеф Бајден и заменикот државен секретар Џејмс Станјберг, кои се повеќе од ена деценија инволвирани во случувањата во регионот. Оттаму, Минтгомери смета дека иницијативата за алтернативно решение за Косово мора да дојде од Европската Унија. Монтгомери ја застапува идејата за повлекување нови граници на Балканот заради според него очигледното нефункционирање на мултиетничките општества во Босна и на Косово.„Сега е неопходно да се согласиме дека таквата политика пропадна и да осмислиме нов пристап кој ќе го подржат меѓународната заедница, етничките заедници и целиот регион“, додава Монтгомери. За острите реакции на неговиот напис во кој Монтгомери ја изложи својата идеја, тој вели дека меѓународната заедница е неуспешна во примената на нејзината политика, и како што вели – „повеќе од една деценија е вклучена на автоамтски пилот“, и е повеќе успешна во обесхабрувањето на појава на нови предлози и размислувања. За поранешниот американски амбасадор во Белград, време е тој однос да се измени, иако реакциите на неговиот напис биле силни, горки и лични, како што вели. Сепак, според него, суровата вистина покажува дека кога нема насилство во регионот, меѓународната заедница не се загрижува многу за квалитетот на живеењето. Иако Монтгомери, во интервјуто се задржува само на решавањето на ткн. српско прашање во Босна и Херцеговина и на Косово, сепак мислењето на поголемиот дел од западните аналитичари, сметаат дека секое прекројување на граница на која и да е држава во регионот, нужно повлекува според домино ефектот барања за прекројување и на други територии во етнички мешаните средини на Балканот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ќе го пречека претседателот на Колумбија во Белата куќа на почетокот на февруари
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска објави дека во првата недела од февруари ќе го пречека колумбискиот претседател Густаво Петро на разговори во Белата куќа.
„Сигурен сум дека ќе биде многу добро и за Колумбија и за САД, но кокаинот и другите дроги мора да бидат запрени пред да влезат во Соединетите Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Зборовите на Трамп претставуваат промена во тонот по месеците остри критики кон Петро и неговата влада, обвинувајќи го колумбискиот претседател дека управува со „фабрики за кокаин“.
Трамп објави дека тој и Петро разговарале по телефон во средата и се согласиле да се сретнат во Белата куќа, но не го прецизираше точниот датум на средбата.
Во изјавите објавени денеска, Петро рече дека Трамп му рекол во телефонски разговор дека размислува за воени операции во Колумбија, што е поврзано со регионалните тензии по американската воена операција во Венецуела.
„Трамп ми рече во телефонски разговор дека размислува за лоши работи во Колумбија. Пораката беше дека тие веќе се подготвуваат, планираат воена операција“, изјави Петро за шпанскиот весник „Ел Паис“, додавајќи дека верува оти заканата е замрзната по разговорот, но призна: „Можеби грешам“.
Петро рече дека Колумбија нема капацитети за воздушна одбрана, но повика на народен отпор во случај на таква воена операција во неговата земја.
Средбата треба да се одржи во време кога односите меѓу САД и Колумбија се обидуваат да се стабилизираат и да се префрлат кон дијалог, и покрај широко распространетите разлики околу политиката за дрога и регионалната безбедност.
фото/депозитфотос
Свет
Венецуела сака да ги обнови дипломатските односи со САД
Венецуелската влада започна да истражува опции за проширување на дипломатските односи со САД, а се очекува претставници на американскиот Стејт департмент да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки, соопштија двете земји. Стејт департментот соопшти дека американските претставници го проценуваат „потенцијалното продолжување“ на работењето на амбасадата во јужноамериканската земја.
Вашингтон и Каракас сигнализираа подготвеност за соработка по американската воена операција од минатата недела што резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Неговата потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен шеф на државата.
„Венецуелската влада одлучи да започне прелиминарен дипломатски процес со американската влада, со цел повторно воспоставување дипломатски мисии во двете земји“, соопшти венецуелската влада.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела е знак за „барање мир“ и дека како резултат на тоа го откажал планираниот втор бран напади.
Во среда, Трамп рече дека САД „се сложуваат многу добро“ со венецуелската влада предводена од Родригез, особено кога станува збор за обнова на нафтената и гасната инфраструктура.
фото/епа
Свет
Трамп му посака среќа на Орбан во изборната кампања
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му посака среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, според писмото што Орбан го објави на својата Фејсбук страница.
Во писмото, Трамп наведува дека „смелото лидерство“ на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додаде дека со нетрпение очекува „продлабочување на соработката“ во областите на одбраната, енергетиката и нелегалната миграција, пишува агенцијата „Ројтерс“.
„Секогаш цврсто сте стоеле во одбрана на принципите што ја прават Унгарија толку исклучително место – религијата, семејството и суверенитетот“, напиша Трамп во писмото.
Националистот Орбан се соочува можеби со најтешкиот предизвик во неговите 16 години на власт, со комбинација од економска стагнација во Унгарија, зголемување на трошоците за живот и скандал со малолетнички притворен центар што го зајакнува опозицискиот ривал чија партија води во повеќето анкети.
Изборите се очекуваат во април.
Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата да ја посети Унгарија, наведувајќи дека неговиот тим „ќе биде во контакт“ во врска со распоредот. Во понеделник, Орбан рече дека посетата на „високо рангиран“ американски политичар е веројатно да се случи пред изборите.
фото/епа

