Македонија
Илинден најверојатно потонал од преоптовареност
Преоптовареност на бродот е првичната верзија за причините за потонувањето на „Илинден“ во Охридското езеро…
Преоптовареност на бродот е првичната верзија за причините за потонувањето на „Илинден“ во Охридското езеро на 5 септември годинава, кога загинаа 15 бугарски државјани.Оваа првична оценка на истрагата денеска ја пренесува бугарската агенција бгнес, додавајќи дека 23-годишниот капетан на бродот со капацитет од 43 луѓе, дозволил да се качат 56 лица. Истражителите денеска прават увид, по првиот синоќeшен, во кој е пронајден сочуван дневникот на настани. Истовремено продолжува и распитот на сведоците, а македонско-хрватско-словенечка комисија врши биохемиски анализи на материјалите на бродот. Овие активности треба да дадат одговор за причините за трагичниот бродолом во Охрид. „Илинден“ сега е закотвен во каналот Студенчишта, откако екипа на хрватската компанија Дубина, со помош на балони и специјални каиши вчера, две недели по несреќата, го извлече на површина. /крај/бгнес/гм/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.