Македонија
Словенија и Македонија разменуваат искуства за регионален развој
Размена на искуства во локалната самоуправа, регионален развој и подготвување на проекти за пристапните фондови и кохезионата политика, како и прекуграничната соработка, се дел од темите на дводневната конференција која започна денеска во Скопје,
Размена на искуства во локалната самоуправа, регионален развој и подготвување на проекти за пристапните фондови и кохезионата политика, како и прекуграничната соработка, се дел од темите на дводневната конференција која започна денеска во Скопје, во присуство на голем број претставници на бизнис асоцијации, невладини организации, претставници на општините од земјава и од Словенија.
„Словенечките искуства за нас се важни во спроведувањето на националната политика на регионалниот развој. Да учиме од Словенечката политика која успешно го преброди целиот процес на децентрализација и стана членка на ЕУ. Нашите структури се млади структури, иако локалната самоуправа има искуство и во процесот на децентрализацијата“ – порача денеска министерот за локална самоуправа Муса Џафери.
Министрите за локална самоуправа на Македонија и Словенија ја истакнаа прекуграничната соработка како една од позначајните сегменти во регионалната развојна политика, за што општините имаат голема улога во планирањето на развојот на планскиот регион и во имплементација на проектите
Според министерот Џафери, општините се едни од најзаинтересираните субјекти за аплицирање на проекти за прекугранична соработка со општини од соседните држави и нема општина која не е опфатена со сегашните четири Програми за прекугранична соработка.
„Искуствата велат дека заедничките проекти на прекуграничната соработка со соседните земји се добар инструмент за користење на заедничките потенцијали на прекуграничните појаси. Исто така водат кон соживот на граѓаните од двете страни на границата“ – изјави Хенрик Ѓеркеш, министер за локална самоуправа и регионална политика на Словенија.
Министерот Џафери изрази задоволство од досегашната соработка со соседните земји за што се објавени два јавни повици за проекти со Албанија и Бугарија и еден проект со Грција, а во фаза на изработка е Програмата за прекугранична соработка со Косово.
„Особено важно е словенечкото искуство во функционирањето на хоризонталната и вертикалната координација и консултација меѓу сите надлежни институции. Во нашиот случај станува збор за повеќе ресорни министерства, како и општините и граѓанскиот и бизнис секторот“ – додаде Џафери./крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши – Форнавре: Односите меѓу Шведска и Северна Македонија се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве.
На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.
Претседателот Гаши ја истакна долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.
Посебно беше изразено задоволство од формирањето на Групата за пријателство со Северна Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка.
Пратеничката Дафина Стојаноска упати благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.
Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области – земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство.
Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Северна Македонија.
Македонија
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски е избран за нов претседател на Советот на Град Скопје. Тој кажа дека Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност.
„Денеска, на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, сум избран за претседател на Советот. Благодарност до советниците за довербата и до скопјани за поддршката. Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност. Ќе бидеме активен чувар на јавниот интерес и ќе работиме доследно на спроведување на темелните политики: чист град, функционален јавен превоз, безбеден сообраќај, повеќе зеленило и современи јавни услуги“, рече Димитровски.

