Македонија
Запленети три килограма хероин на македонско-бугарската граница
Вкупно десет полиетиленски пакувања со вкупно 2.850 грама хероин полицијата заплени на преминот „Делчево“, на македонско-бугарската граница.
Вкупно десет полиетиленски пакувања со вкупно 2.850 грама хероин полицијата заплени на преминот „Делчево“, на македонско-бугарската граница.
Дрогата е откриена на 7-ми март во возило „фолксваген венто“, управувано од 29-годишен жител на делчевското село Вирче, при обидот за влез во Македонија. Според полициските сознанија, дрогата е набавена во турскиот град Дусце по нарачка на две лица од Куманово, односно делчевското село Град, за што му биле исплатени 3.000 евра. Дрогата требало од Турција, преку Бугарија да биде внесена во Македонија и да биде предадена на непознато лице од кумановско Черкезе.
Против сите нив е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Цената на запленетата дрога на големо се проценува на 60 илјадиевра, додека на мало – цената би достигнала до 300 илјади евра. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

