Свет
Египет: расте бројот на мртвите и повредените во Каиро и во Суец
Најмалку 18 луѓе се убиени, а околу 1.100 се ранети во насилните протести во Египет во петокот, најмногу во градовите Каиро и Суец, тврдат медицински извори, пренесува BBCСе уште се очекува на нацијата да и се обрати претседателот Хосни Мубарак, кој е соочен со најголемиот предизвик во своето 31-годишно владеење со земјата. На протестите во Каиро, Суец, Александрија и во другите градови им се приклучија десетици илјади луѓе. Демонстрантите протестираат против високата невработеност, корупцијата и репресијата од страна на владата. Во Суец беа убиени 13 луѓе, додека во Каиро загинаа петмина, тврдат медицинските извори. Претседателот Мубарак претходно ја испрати армијата да и помогне на изнемоштената полиција и прогласи полициски час, најпрвин само во Каиро, Суец и Александрија, но потоа го прошири и низ целата земја, но тој никаде не се почитува. Седиштето на владејачката партија НДП е запалено, додека демонстрантите ги ставија под опсада и државната телевизија и Министерството за надворешни работи. Интернетот и телефонските услуги – и мобилните и статичните – се во речиси постојан прекин, но демонстрантите користат адекватна апаратура за да останат во контакт и покрај прекините. Според дописниците на повеќе странски медиуми, над престолнината Каиро кружат воени хеликоптери . САД, кои го сметаат Египет за клучен сојузник, повикаа на смиреност и кај двете страни. Во своето обраќање американската државна секретарка Хилари Клинтон истакна дека Вашингтон веќе врши притисок врз претседателот Хосни Мубарак да отпочне реформи. Вашингтон, исто така, истакна дека ќе ја преоценува помошта за Египет врз основа на настаните во наредните неколку дена. Повеќе држави во светот им препорачаа на своите граѓани да не патуваат во Египет. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

