Македонија
Почина и сопатникот од сообраќајната несреќа кај селото Фариш
Почина и сопатникот од сообраќајната несреќа кај селото Фариш на регионалниот пат Градско Прилеп. Страшо П. кој беше тешко повреден и итно префрлен во кавадаречката болница и покрај укажаната лекарска помош по неколку часа им подлегнал на повредите.Несреќата се случи попладнево, кога директно се судрија автомобил марка „форд ескорт“ и камион „МАН“. Возачот на фордот, 24-годишниот Никола П. почина на лице место, а неговиот татко со тешки повреди беше префрлен во болница.Како што јавува дописникот на Макфакс од Велес, Никола П. во еден момент ја изгубил контролата на движење на автомобилот, кој се движел од Прилеп кон Скопје и преминал на другата страна од коловозната лента што пак било причина за директен судир со камионот.На местото на несреќата увид направи полицијата и истражен судија.„Неприлагодената брзина на условите на патот се причина за сообраќајката”, изјави истражната судијка на кавадаречкиот суд Лидија Ридова.Поради сообраќајната несреќа регионалниот пат Градско Прилеп три ипол часа беше блокиран. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот веќе е нормализиранЗа последните 30 дена на овој регионален пат се случија три сообраќајни несреќи во кои животот го загубија шест лица./крај/ли/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

