Македонија
Протест пред Уставен суд против измените во Законот за лустрација

Семејствата чии членови беа затворени , осудувани и клеветени од соработниците на тајните служби денеска протестираа пред Уставниот суд поради вчерашната одлука на судот да бидат укинати четири члена од Законот за лустрација .
Семејствата чии членови беа затворени , осудувани и клеветени од соработниците на тајните служби денеска протестираа пред Уставниот суд поради вчерашната одлука на судот да бидат укинати четири члена од Законот за лустрација .
„Уставниот суд со одлуката за укинување на четири члена од законот за лустрација ќе придонесе лустрацијата да се спроведува половично , со ограничен опфат и недоследно, изјави Гоце Стојковски, член на семејство прогонувано од тајните служби.
Граѓаните кои протестираат сметаат дека со одлуката на Уставен, ќе се амнестираат луѓето и структурите кои на нивните семејства им нанеле голема штета.
Стојковски додаде дека одлуката на Уставен суд ги раздвојува и им наштетува на демократските капацитети на државата и истата ќе придонесе да се изгуби суштината и вистинската цел на лустрацијата.
Луѓето кои денеска се собраа пред Судот , најавија дека ќе продолжат да ги бранат своите ставови и да протестираат пред Уставен, се додека судот не ја промени одлуката. Тие најавија дека можно е формирање на здружение на семејствата чии членови биле. затворени , осудувани и клеветени од соработниците на тајните служби.
Вчера Уставниот суд донесе одлука дека лустрацијата може да се врши за периодот од 1945 до 1991 година, а не до 2008. година. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитриевски: Доста беше молк, Филипче, што изнесе, чие богатство го однесе

Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, од Штип го повика Венко Филипче конечно да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата што, како што вели, веќе премногу долго висат во воздух.
„Тие продадоа сè што е наше. Тие продаваа државно, на ангро продаваа државни интереси, и денес ги гледаме како мафтаат со златни визи, подготвувани уште додека беа на врвот на власта,“ истакна Димитриевски, обвинувајќи за однапред подготвено сценарио за бегство, базирано на нечесно стекнат капитал изнесен надвор од државата.
„Многу добро се знае како се добиваат тие златни визи, со купишта пари изнесени надвор, пари што не се чесно заработени, туку украдени од народот,“ порача Димитриевски.
Претседателот на ЗНАМ, го повика Венко Филипче: „Филипче мора јавно да каже, што изнел, што однел, чие однел и што планирал“.
„Овој повик од Штип не е само порака, тоа е барање за вистина, за одговорност и за враќање на моралот во јавниот живот. Движењето ЗНАМ ќе продолжи со кампањата низ целата држава, будно следејќи ги постапките на сите кои се огрешиле пред народот.
Време е народот да знае. Време е Македонија да се избори за чесна и одговорна власт“.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Таравари се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев, досега не се разговарало за размена на ресори

Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара
за обвинувањата на Таравари за попречување на положбата на Албанците и неговото незадоволство што Македонија стагнира на патот кон ЕУ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Демантираме, нагласи тој, дека досега било разговарано за било каква размена на министерства или ресори, или за тоа кој ќе го превземе Министерството за здравство.
„Тоа не е вистина. Што се однесува до самиот Таравари, би сакале да го истакнеме следново:
А тоа е од оние активни учесници во Владата може да се дознае дека господинот Арбен Таравари навистина бил активен учесник на овие состаноци.
Но, на тие состаноци, господинот Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите, дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.
Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и важни прашања за ДУИ“, одговори Мансиевски.
Не може, додава тој, некој да смета дека може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот СДС и ДУИ. Тоа, како што оцени, е нивното ветување пред граѓаните.
Македонија
Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на покана на Саиф Бин Зајед Ал Нахјан министер за внатрешни работи на ОАЕ деновите учествува на Светскиот полициски самит каде има и свое обраќање.
Во рамки на оваа посета министерот Тошковски оствари билатерална средба со неговиот колега Зајед Ал Нахјан, втора за кратко време, која е показател за интензивирање на односите и заемната доверба меѓу двете држави.
„Разговаравме за унапредување на стратешката безбедносна соработка, особено во доменот на борбата против транснационалниот организиран криминал, тероризмот и новите безбедносни закани кои не познаваат граници.
Фокусот беше ставен на операционализација на веќе потпишаниот договор за безбедносна соработка, преку формирање на заеднички оперативни тимови и размена на информации. Обединетите Арапски Емирати остануваат еден од нашите партнери во глобалната безбедносна архитектура, а оваа средба е уште еден чекор напред во тој заеднички ангажман.“, потенцираше министерот Тошковски.