Македонија
Сретен Нимковиќ и Марија Врајиќ победници на Скопскиот маратон

Сретен Нинковиќ од Србија во машка и Марија Врајиќ од Хрватска во женска конкуренција се победниците на традиционалниот Скопски маратон 2009
Сретен Нинковиќ од Србија во машка и Марија Врајиќ од Хрватска во женска конкуренција се победниците на традиционалниот Скопски маратон 2009 кој денеска се трчаше на градските улици. Во рамките на меѓународната спортска манифестација се одржаа четири трки: маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км), трка на 5.000 метри и трка на 2.000 метри за ученици од основните училишта. Во категоријата полумаратон првото место во машка конкуренција му припадна на Христијан Стошиќ од Србија, а од жените на целта прва стигна Марија Богдановска од Македонија. Во трката на 5.000 метри кај мажите победи Меритон Хасанај од Косово, а кај жените – Симона Трајановска од Македонија. Во Скопски маратон 2009 учествуваа околу 1.000 натпреварувачи од Македонија, САД, Србија, Франција, Португалија, Хрватска, Бугарија, Унгарија и од Црна Гора. Во трката учествуваа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, евроамбасадорот Ерван Фуере и амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја, Симоне Филипини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)