Свет
Светски ден на населението: Во очекување на седуммилијардитиот жител

Обединетите нации денеска го одбележуваат „Светскиот ден на населението“ очекувајќи го во наредните месеци седум милијардитиот жител на Земјата.
Обединетите нации денеска го одбележуваат „Светскиот ден на населението“ очекувајќи го во наредните месеци седум милијардитиот жител на Земјата.
„Овогодишниот Светски ден на населението паѓа во пресвртна година, кога го предвидуваме раѓањето на седуммилијардитиот жител на Земјата. Ова е можност да ја прославиме нашата заедничка човечност и нашата различност. Тоа е и потсетник за нашата споделена одговорност., да се грижиме едни за други и за нашата планета“ се вели во пораката на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.Тој додаде дека постигнувањето на глобална популација од седум милијарди е нумеричко обележје и поради тоа секогаш фокусот треба да биде на луѓето. „Имаме доволно храна за сите, а сепак скоро една милијарда од светската полулација се гладни. Имаме средства да искорениме многу болести, а сепак тие продолжуваат да се шират. Имаме богата природна средина, а сепак таа секојдневно е подложена на напаствување и експлоатација. Сите совесни луѓе сонуваат за мир, а сепак преголем дел од светот е во конфликт и загазен во вооружување“ вели Ки Мун. Тој им порача на сите жители во светот да преземат решителна акција со цел да се создаде подобра иднина не само за седуммилијардитиот жител туку и за идните генерации што доаѓаат.Постои и кампања „7 милијарди акции“ која се посветува на правење добри дела со цел да поттикне повеќе луѓе да им се придружат./крај/со/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.