Свет
Шефот на британската дипломатија во Москва

Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, на неговата прва посета истакна дека Лондон и Москва треба да соработуваат во справувањето со глобалните безбедносни прашања и покрај разликите поради кои двете земји ги заладија односите, пренесува Асошиејтед прес
Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, на неговата прва посета истакна дека Лондон и Москва треба да соработуваат во справувањето со глобалните безбедносни прашања и покрај разликите поради кои двете земји ги заладија односите, пренесува Асошиејтед пресПрвата посета на Хејг од кога ја презема функцијата се одвива под големо внимание на светската јавност, во очекување на знаци на подобрување на односите помеѓу Русија Британија. Двете земји имаат затегнати односи поради неколку спорни прашања, меѓу кои се фаталното труење на поранешниот руски разузнавач Александар Литвиненко во Лондон во 2006 година. Хејг по разговорот со својот руски колега Сергеј Лавров призна дека проблемите и натаму остануваат, но истакна дека Британија и Русија мора заеднички да работат на нивното решавање. „Нашите земји имаа неколку сериозни разидувања во минатото. Ние би требало да сме способни да признаеме дека разликите остануваат и трпеливо да им се посветиме, преку дијалог и дипломатија“, рече тој на прес-конференцијата. И Лавров на јавноста и се обрати со сличен тон и рече дека случајот со Литвиненко и другите разлики не би требало да ја попречуваат соработката на други прашања.„Ние не гледаме на преостанатите проблеми како на пречка за натамошната соработка“, вели Лавров. Тој додаде дека Русија е подготвена да соработува со Лондон на случајот на Литвиненко, но под услов британската влада да ги сподели документите со нив и Москва да може да делува според своите закони. Москва се уште одбива да го екстрадира главниот осомничен за убиството на Литвиненко, поранешниот офицер на КГБ Андреј Луговои, бидејќи има уставна забрана за екстрадиција на руски граѓани. Литвиненко умре на 26 ноември 2006 година, откако се напил час затруен со смртоносна доза на радиоактивни изотопи полониум-210. Од неговата смртна постела Литвиненко го обвини Кремљ за организирање на труењето, а британската полиција како главен осомничен го посочи Луговои. И Луговои и Кремљ ги отфрлија обвинувањата. Хејг беше поканет во Москва откако рускиот претседател Дмитри Медведев и британскиот премиер Дејвид Камерон заклучија дека сакаат да развиваат „посилни и попродуктивни односи“ при нивната средба на самитот на Г-8 во Канада на почетокот на овој месец. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.