Свет
Заради пожарите во Калифорнија евакуирани две илјади луѓе
Според калифорнискиот Центар за спречување пожари, пожарите што ја пустошат државата веќе цела седмица сега се разгорени од силните ветрови и не можат да бидат ставени под контрола
Противпожарните единици се’ уште се борат со стихијата во регионот на Санта Круз,околу 600 километри северозападно од Лос Анџелес, па затоа во саботата се евакуирани повеќе од две илајди луѓе.Гувернерот Арнолд Шварценегер утрово бил во опожарените пордрачја, откако во петокот беше прогласена вонредна состојба. Пожарот кој изби во средата досега изгоре 2.700 хектари густа вегетација, а огноте е ставени под контрола само на 30 отсто од вкупната опожарена површина. Како што соопштил кабинетот на Шварценегер биел ангжирани 1.600 пожарникари.Другото големо жариште кое избувна на 8-ми август е во близината на нацоналнито парк Лос Падрес, северно од Санта Барбара во ретко населена област околу Лос Анџелес. Во овој пожар веќе се уништени повеќе од 30 илјади хектари вегетација а само на помалку од 25 отсто од површината огнот е под контрола. Калифорниските пожари истовремено се ангажирани и на ри помали пожара на други локации. Пред две годни, во Калифорнија беа евакуирани 640 илјади жители а изгореа околу две илјади куќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

