Македонија
Излеаното гориво во Охридското езеро не довело до загадување на водата

Резултатите од извршените испитувања врз неколкуте земени примероци од езерската вода, каде викендов беше забележано излевање на гориво, покажале дека водата е од втора категорија.
Резултатите од извршените испитувања врз неколкуте земени примероци од езерската вода, каде викендов беше забележано излевање на гориво, покажале дека водата е од втора категорија. Како што информираат од Регионалниот завод за здравствена заштита, испитувањата покажале дека нема индикации за било какво загадување на водата во Охридското езеро, кои понатаму би предизвикале негативни последици врз живиот свет во езерото. Набргу по излевањето на горивото, дамката по природен пат била разбиена.Мрсната дамка од излеаното гориво беше забележана завчера во водата на езерото во близина на охридското градско пристаниште. Веднаш по инцидентот беше извршена контрола од страна на државниот инспектор за заштита на животната средина.На негово барање претставник на Регионалниот завод за здравствена заштита зеде повеќе примероци од езерската вода за да се утврди степенот на загадување. Еколошкиот инцидент го регистрираше и општинскиот инспекторат за заштита на животната средина. крај/охридњуз/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уште само 8 дена шанса за македонските средношколци да освојат еден милион денари со своја бизнис идеја

Средношколците од цела Македонија имаат уште осум дена да ја пријават својата бизнис идеја и да освојат 1.000.000 денари, во натпреварот „Средношколец милионер“, организиран од Brainster NEXT колеџот и NU академиите за талентирани ученици.
Пријавувањето е сè уште отворено и бесплатно на milioner.mk (*поврзете со http://milioner.mk), , а според податоците од Бреинстер групацијата, веќе се пристигнати значителен број на оригинални и иновативни предлози од средношколци ширум земјата – и нивниот број се зголемува од ден на ден, како што наближува крајниот рок за пријавување.
Натпреварот има за цел да ја поттикне креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух кај младите, како и да покаже дека добрата идеја може да започне во училишна клупа, а да заврши како успешна приказна.
„Натпреварот е отворен за сите средношколци од прва до четврта година, без оглед дали доаѓаат од државните и приватните средни училишта. Она што го бараме од нив е една креативна идеја за бизнис, но и желба за стекнување знаење и искуство кое ќе им биде пренесено од искусни ментори во делот на претприемништвото“, објаснува Анастасија Илиевска од Бреинстер некст.
Натпреварот Средношколец милионер има неколку фази од која првата е фазата на пријавување идеи, која трае до 26 октомври. Од сите пријавени ќе се одберат 50 идеи, кои ќе одат на јвано гласање на страната milioner.mk, после што јавноста ќе ги одбере 20- те финалисти кои продолжуваат понатаму.
На 29 ноември финалистите после процес на работа со менторите, ќе треба да ја презентираат идејата пред инвеститори преку „elevator pitch“ за само 90 секунди. Од тука ќе се селектираат 10-те финалисти, кои во финалето на 30 ноември во просториите на Бреинстер некст и НУ академиите ќе се борат за победа, а стручното жири ќе избере една идеја која ќе добие 1.000.000 денари.
„Сакаме искрено да ти поттикнеме подеднаво и средношколците, но и наставниците и родителите да ги поттикнат младите да се пријават со својата бизнис идеја, затоа што лоша бизнис идеја нема – можат да аплицираат со секоја идеја која ја имаат на milioner.mk “, појаснува Илиевска.
Организаторите велат дека добитникот на 1.000.000 денари нема да биде обврзан да ги вложи парите во бизнис идејата со која победил, ниту пак Бреиснтер ќе бара удел во бизнисот долколку победникот реши да ја реализира бизнис идејата. Заинтересираните средношколци за милионската награда имаат рок за пријава до 26-ти октомври.
Македонија
Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.
Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници. Најмногу глсачи има во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање а се во куќен притвор.
Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8.851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат. До ОИК пристигнале 9217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, а прифатени беа само 8.851.
Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.
Во земјава утре ќе се одржат осмите локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.
Право на глас на Локалните избори имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот Избирачки список со лица кои се иселени од државата. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.
Гласањето започнува во 7:00, а завршува во 19:00 часот.
Изборната кампања за Локалните избори 2025 заврши синоќа на полноќ кога почна молкот пред гласањето в недела на 19 октомври.
Правилата за изборен молк важат до 19 октомври во 19 часот.
Македонија
Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.
Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.