Свет
Исповед на хрватски платеник: Гадафи го напуштија сите Срби
Моамер Гадафи покажува голема наклонетост кон Србија и за време на пресметките со бунтовниците тој најми голем број на ветерани од подрачјето на некогашна Југославија. Меѓу нив, импозантен беше бројот на Срби.
Моамер Гадафи покажува голема наклонетост кон Србија и за време на пресметките со бунтовниците тој најми голем број на ветерани од подрачјето на некогашна Југославија. Меѓу нив, импозантен беше бројот на Срби. Како времето одминуваше, еден по еден сите го напуштија, наведува за „Тајм“, Марио, Хрват од Босна, кој бил ангажиран од Гадафи да се бори против бунтовниците, пренесува српскиот весник „Блиц“ на својата интернет страница. Марон сведочи за своите искуства „под палката на Гадафи“. Тој го напуштил Триполи пред 12 дена, откако добил дојава од свој соборец. „Пред две недели, пријателот кој ме донесе тука ми кажа дека треба да го напуштам Триполи, бидејќи работите многу бргу ќе бидат сменети, и дека сите договори се веќе направени“, вели Марио, кој не го открива своето презиме. Тој и самиот забележал дека поголем дел од платениците го напуштаат Триполи, па затоа и тој решил да избега.„Од самиот почеток знаев дека акцијата на Гадафи против бунтовниците е осудена на пропаст. Моите луѓе во најголем дел беа од јужниот дел на Либија и Чад, но имаше и од другите краишта“, вели Марио. Тој од луѓето на Гадафи, како ветеран од војната во поранешна Југославија, бил најмен да се бори против бунтовниците.„Дисциплината беше многу лоша, а тие се премногу глупави за да научат било што. Сепак, се ќе беше во ред да не започнеа воздушните напади. Другата страна подеднакво беше лоша во се, ако не и полоша. Доколку не се вмешаше западот, Гадафи ќе ги згазеше“, зборува Марио. Според неговите зборови, на почетокот на јули преку 30 отсто од луѓето дезертирале од војската на Гадафи или минале на страната на бунтовниците. Марио смета дека тензијата помеѓу синовите на Гадафи придонела за неговата пропаст. „Еднаш малку недостигаше да дојде до вооружена пресметка меѓу нив“, додава тој. Марио вели дека забележал, дека голем број на Либијци од страв се преправале дека му се лојални на Гадафи и дека тие луѓе „само барале начин да му забијат нож во грбот“. крај/бл/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

