Македонија
МНР: Грција да овозможи непречено одвивање на товарниот сообраќај

Министерството за надворешни работи побара од грчките власти непречено одвивање на товарниот сообраќај на граничниот премин „Евзони“.
Министерството за надворешни работи побара од грчките власти непречено одвивање на товарниот сообраќај на граничниот премин „Евзони“.Реакцијата на МНР следува по информациите добиени од независниот синдикат на македонските транспортери „Макамтранс” дека тешките товарни возила се пренасочуваат по спореден пат, кој е оштетен со можност за движење во еден правец. Барањето денеска е пренесено и на Елени Петрула, надлежен претставник за конзуларни работи во грчката канцеларија за врски во Скопје.„Сето тоа се одвива во услови на високи температури и неможност возачите да се снабдат со вода и други прехранбени продукти, а истовремено е формирана и голема колона на возила од околу 20 километри. Притоа е побарано од грчката страна да бидат преземени сите неопходни мерки за овозможување на непречено преминување на овие возила“, соопштуваат од МНР.Како причина за пренасочувањето на сообраќајот од грчка страна се наведува туристичката сезона, а со цел избегнување на застој при преминувањето на границата. За проблемот ќе биде известено и грчкото МНР. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)