Свет
Фатах и Хамас може да разговараат за признавање на Израел
Махмуд Абас, претседателот на Палестинската самоуправа нз Ападнито брег, изјави во понеделниот во австрискиот главен град Виена дека во текот на скорешните преговори меѓу Хамс и Фатах ќе биде разговарано за одбивањето на исламистичкото движење Хамас да го признае Израел.
Махмуд Абас, претседателот на Палестинската самоуправа нз Ападнито брег, изјави во понеделниот во австрискиот главен град Виена дека во текот на скорешните преговори меѓу Хамс и Фатах ќе биде разговарано за одбивањето на исламистичкото движење Хамас да го признае Израел. „Се надевам дека Хамас ќе се согласи. Тоа би можело да биде едно од прашањата во текот на нашиот следен состанок“, рече Абас кој престојува во посета на Австрија. Претседателот на Палестинската национална самоуправа прецизираше за медиумите дека за оваа тема не станало збор на последните преговори кога дојде до негово помирување со Калед Мешал, првиот човек на Хамас, мината седмица во египетската престолнина Каиро. „Тие преговори ги сметаме за многу важна фаза. Двете страни ги објаснија своите гледишта“, изјави Абас по средбата со австрискиот претседател Хајнце Фишер, а пред разговорите со австрискиот канцелар Вернер Фајман. Абас потенцираше дека Хамас е подготвен да ја прифати палестинската држава во границите од 1967 година. Тој, исто така, нагласи дека владата на националното единство којашто ќе ја формираат Хамас и Фатах и ќе работи на подготовка на претседателските и парламентарните избори, ќе биде независна и во неа нема да доминира ниедна од двете движења. Тој најави дека изборите ќе се одржат на 4-ти мај 2012 година. Абас тврди дека во привремената палестинска влада ќе влезат технократи и независни членови, и уште еднаш потенцира дека тоа нема да биде влада на Хамас или на Фатах, туку целосно независна влада. Израел, пак е загрижен од доближувањето на ставовите меѓу Хамас и Фатах. „Колку е Абас поблизок до Хамас, толку е пооддалечен од мирот“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Додека израелскиот заменик министер за надворешни работи, Дани Ајалон, изјави дека Израел би можел да ја прекине испораката на вода и електрична енергија за Појасот Газа.ДАД и Европската унија објавија дека нема да соработуваат со влада којашто би ги вклучувала претставниците на Хама, сé додека оваа организација не го признае Израел, не се откаже од насилството и не ги признае претходните израелско-палестински договори. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

